Факти за вакцинирањето што секој одговорен родител треба да ги знае

Факти за вакцинирањето што секој одговорен родител треба да ги знае

Темата за имунизација изгледа како постојано да поттикнува дебати, особено кога станува збор за децата. Од една страна вакцините се најефективниот и најбезбедниот начин за заштита од разни болести. Од друга страна, голем број родители се загрижени поради несаканите ефекти и многуте предрасуди кои се имаат појавено во врска со модерната медицина.

Факти за вакцинирањето што секој одговорен родител треба да ги знае

Секоја држава си има свој календар за имунизација. На пример, во Германија вакцинацијата е одговорност на секој родител. Во Италија можете да добиете казна од 7.500 евра доколку одбиете да се вакцинирате. Во Кина пак можете да завршите и во затвор. Со цел да се срушат сите предрасуди во врска со вакцинациите, прочитајте ги следниве факти за вакцините, како и одговорите на лекарите на некои од најчестите прашања.

1. Хепатит Б е една од најраспространетите инфективни болести во светот. Поради ова децата од речиси сите држави се вакцинираат од болеста во првиот месец од нивниот живот.

2. Вакцината за туберкулоза не е задолжителна во САД, Велика Британија и Германија бидејќи постои многу мал ризик да ја фатите болеста во овие држави.

3. Вакцината ДТаП почесто создава компликации, па поради ова многу родители се плашат од неа, особено ако детето има послаб имунитет. Постојат подобри комбинирани вакцини со послаб ефект кои се достапни на некои места за повисока цена.

4. Малите сипаници се сметаа за речиси искоренета болест која ќе ја среќаваме само во историјата. Но денес проблемот повторно станува реален, благодарение на пропагандите против вакцините. Проблемот е тоа што подложноста на оваа болест е речиси 100%, брзо се шири и може да предизвика смрт.

5. Постојат вакцини кои треба да се земаат само кога има индикации за епидемија, како на пример, за енцефалитис. Пред да ги примите овие вакцини, важно е да се консултирате со лекар и да ги земете предвид сите лични карактеристики и болести. На пример, ако планирате патување во планините, тогаш е препорачливо да ставите ваква вакцина.

6. Ако често патувавте во странство со вашето дете, неопходно е да примите дополнителни вакцини за болести кои се чести во државите што ги посетувате.

7. Научниците покажале дека вакцините со повеќе компоненти создаваат помалку стрес на имунолошкиот систем за разлика од вакцините со една компонента. Секоја вакцина, како и инфективна болест, води до активирање на имунолошкиот систем. Колку почесто се мобилизира, толку поголем станува ризикот од негативни реакции.

8. И покрај тоа што бројот на препорачани вакцини се зголемува, модерните вакцини содржат помалку протеини и полисахаридни патогени за разлика од пред 40 години. Поради ова полесно се толерираат и создаваат помалку компликации.

9. Многу родители не ги вакцинираат нивните бебиња, туку чекаат нивните тела да станат посилни. Некои ја започнуваат имунизација кога детето ќе наполни 1 година, други чекаат да наполни 2. Некои родители дури чекаат и детето да тргне на училиште. Ризикот од непредвидливи реакции на имунизацијата се зголемува со возраста. Ова е докажано со истражувања и статистика.

10. Секоја вакцина може да предизвика природни реакции како болка, отоци и чешање на местото каде што е ставена вакцината. Исто така може да се појави и мало покачување на телесната температура. Ова се нормални телесни реакции и исчезнуваат за брзо.

11. Родителите треба да запомнат дека предностите на имунизацијата се многу поважни од привремената и блага омалаксаност. Компликациите се случуваат многу поретко од природните реакции и се внимателно следени и истражувани. На пример, болките во мускулите се компликација што може да се појави после примањето на вакцината за хепатит Б, но ова се случува на едно од 600.000 вакцинирања.

12. Се верува дека бебето што е доено е заштитено од најопасните болести поради имуноглобулините што се наоѓаат во млекото на мајката. Покрај тоа, мајчиното млеко содржи антитела на инфекциите што ги прележала мајката. Ова е вистина, но оваа заштита е ефективна само во првите месеци од животот. Со текот на времето имуноглобулините на мајката се отстрануваат од телото и треба да бидат заменети со антитела што ги произведува телото на бебето. Овде имунизацијата му помага на бебето да ја прележи болеста во најслабата форма и да создаде своја заштита против неа.

13. Многу вакцини содржат тиомерсал, односно етил жива, како заштитно средство. Важно е да ја знаете разликата помеѓу етил жива и метил жива. Метил живата се акумулира во крвта и може да остане таму до 1,5 месец. Етил живата се користи како конзерванс и целосно се отстранува од телото за помалку од една недела. Покрај тоа, метил живата се наоѓа и во рибата туна.

14. Имунизацијата не нуди 100% заштита од инфекции. Некои вакцини, како оние за морбили, нудат заштита од речиси 100%, но другите се направени со цел болеста да се прележи на наједноставниот начин без компликации.

15. Модерните вакцини се поделени на 2 големи групи – живи вакцини и неактивирани вакцини. Живите вакцини произведуваат заштита во 100% од случаите, што значи дека нивната ефикасност е најголема. Но за да се постигне посаканиот резултат, телото треба да прележи слаба верзија од инфекцијата. Неактивираните вакцини содржат делови од ДНК и други делчиња од бактерии и вируси против кои телото треба да научи да се бори. По оваа вакцинација болеста не се развива ни во најблага форма. Овде спаѓаат вакцините за хепатит Б, грип, тетанус и дифтерија.

16. Неактивните вакцини можат да имаат повисоко и пониско ниво на чистота. Колку е повисоко нивото, толку помалку инфективни агенси има во вакцината. Од една страна, ова ја прави вакцината полесна за толерирање. Но од другата страна ја прави отпорноста на имунитетот послаба – често дозволува инфекцијата да влезе во телото. Сепак, болеста ќе се манифестира во поблага форма и ризикот од компликации е многу понизок. Прочистените неактивни вакцини најчесто им се даваат на деца кои имаат алергија на вакцини.

17. Експертите препорачуваат да не внесувате нови продукти во исхраната 5 денови пред и по вакцинирањето, со цел да се спречи некоја алергиска реакција. Откако ќе се консултирате со лекар, можете да му дадете нешто на детето за да ја намалите реакцијата на вакцината.

18. Според истражувањата и распоредите за имунизација на многу држави, интервалите помеѓу примањето разни вакцини не треба да бидат пократки од еден, или понекогаш три месеци.

19. По примањето на првата вакцина, заштитните својства се развиваат бавно и телото ги помни неколку месеци. Со втората вакцина против истата болест, заштитните својства се развиваат побрзо и телото ги помни неколку години. Поради ова е важно да се примаат неколку вакцини за да се создаде посилна одбрана. За да се одржи силата на имунитетот, важно е одново да се вакцинирате. Вакцината за тетанус е шампион – таа штити од болеста над 20 години. Имунитетот за хепатит Б останува околу 10 години. Поради ова и возрасните треба да внимаваат на нивните вакцини.

20. Многу лекари веруваат дека е неопходно да се провери имунолошкиот статус на секое дете пред да се вакцинира. Ова може да ги намали компликациите, но дури и во најразвиените држави, луѓето не можат да го овозможат ова масовно прегледување. Поради тоа секој родител би требало да се консултира со имунолог доколку има какви било грижи.

21. Жителите од разни држави се охрабруваат да се вакцинираат не само за нивното, туку и за здравјето на општеството. Постои концепт наречен имунитет на стадо каде што, станува збор за способноста на заедницата да биде отпорна на инфективни болести. На пример, возрасните ќе почнат да добиваат инфекции од детството кога помалку од 80-90% од децата се вакцинирани.

Дознајте нешто повеќе и за најголемите митови за вакцините.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар