Емоционално злоупотребените луѓе сакаат поинаку. Еве како…

Емоционалните рани оставаат траги кои засекогаш го обележуваат животот на злоупотребената личност. Никогаш не се забораваат, никогаш не се преминува преку нив, никогаш човекот целосно не продолжува понатаму. Тешко е и некогаш невозможно да се биде со други луѓе бидејќи стравот дека повторно постои можност да се изложат себеси на таква болка е поголем од сè. Но, животот продолжува и тие мораат да научат да живеат со тој страв, прилагодувајќи се на околностите најмногу што можат. А кога и доколку бидат подготвени, ќе сакаат повторно. И ќе сакаат поинаку…

(1)-emocionalno-zloupotrebuvanite-lugje-sakaat-poinaku-eve-kako-kafepauza.mk

1. Подолго ќе се држат на дистанца

Колку и да им се допаѓа некој, факт е дека претпазливоста е неодминлив дел во секоја нивна комуникација. Ова значи дека зголемениот интензитет со кој тие внимаваат со кого зборуваат, каде одат и кога се гледаат ќе предизвика тие подолго време да се држат на дистанца која им ја обезбедува потребната сигурност. Со други зборови, ќе им биде потребно долго време да се опуштат и да бидат со некого.

2. Ќе молчат повеќе отколку што ќе зборуваат

Зборувањето значи откривање повеќе за себе, а тоа го прави човек ранлив пред останатите. Секој кажан збор кажува нешто за личноста која го изговара, а кога сте биле емоционално злоупотребени, веројатноста е дека ќе бидете претпазливи што зборувате и уште повеќе, колку зборувате. Овие луѓе нема да споделуваат многу со останатите, дури и кога станува збор за некој кој навистина им се допаѓа и тоа поради едноставна причина дека така се чувствуваат побезбедно.

3. Нема да брзаат

Емоционалните повреди оставаат лузни и оние кои биле повредени ќе сакаат да се заштитат себеси од можноста и во иднина да се здобијат со такви рани. Тоа најверојатно ќе значи дека врската ќе оди побавно од која било друга врска. Емоционално, умствено и физички, овие луѓе нема да брзаат и ќе си го дадат себеси сето време кое им е потребно.

4. Ќе се сомневаат повеќе од нормално

Нека не ве чуди доколку сосема вообичаени ситуации бидат сомничави за нив. Нивниот страв и претераната претпазливост потсвесно ќе ги натераат да се сомневаат дури и кога нема никаква причина за тоа. Тие биле злоупотребувани и изложени на коментари поради кои се чувствувале како да не вредат доволно, а тоа значи дека ќе бидат несигурни во себе и во другите. А значи и дека ќе се сомневаат во тоа дека некој сака да биде со нив.

5. Ќе се двоумат дали да ги запознаат вашето семејство и пријатели

Едноставно, запознавањето на блиските значи дека врската влегува во посериозна фаза, а тоа е страшно само по себе. Нив им требало долго време да научат да бидат сами и да живеат со сите незгоди кои им се случиле, но истовремено успеале повторно да се чувствуваат безбедно. Токму затоа, многу е веројатно дека долго време ќе го одложуваат моментот на запознавање на семејството на личноста со која се. Нивниот живот е веќе доволно искомплициран со тоа што пуштиле еден човек во него.

6. Ретко ќе се галат

Вообичаените врски се често такви што паровите постојано се гушкаат и бакнуваат, се галат и се држат за раце, не се одвојуваат едни од други ни во јавност ни во приватноста на својот дом. Но, врската со некој кој бил емоционално злоупотребуван е поинаква. Таа личност ретко ќе ги изразува своите чувства физички, а и нема да се чувствува најпријатно кога партнерот ќе се обиде да го направи тоа. Дали од страв или бидејќи не знае како, ќе биде потребно повеќе време за да ја развие блискоста на тоа ниво.

7. Ќе го претпоставуваат најлошото, потајно надевајќи се на најдоброто

Тие виделе и почувствувале полошо, биле понижувани и омаловажувани, контролирани и манипулирани по волја на некој друг. Биле доведени во ситуација да се чувствуваат безвредни, ја изгубиле самодовербата, слободата и довербата во луѓето. Може да ја имаат најдобрата личност до себе, но долго време ќе веруваат дека таа врска нема никакви шанси бидејќи тоа го знаат како логично и тоа го очекуваат. Тие ќе го претпоставуваат најлошото бидејќи не сакаат да бидат повторно повредени.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар