Египетски рецепт за младешки сјај на кожата

Експертите за нега на убавината на кожата тврдат дека токму Клеопатра го смислила овој рецепт за хидрирање на кожата, кој ѝ дава младешки сјај. Откако ќе го подготвите, препаратот можете да го чувате во фрижидер недела дена, а неговата предност е што не мора да лежите откако ќе го нанесете на вашето лице, како што е случајот со повеќето маски. Оваа течна маска ќе го негува вашето лице и ќе ја подмлади вашата кожа.

Египетски рецепт за младешки сјај на кожата

Потребни состојки:
  • Прочистена вода, најдобро таа да е флаширана, од термални извори
  • Сок од алое вера
  • Мед
Начин на подготовка и употреба:

Во еден сад сипете една чаша вода и додајте 2 лажички свеж сок од алое вера во комбинација со една лажичка мед. Добро измешајте ги состојките, а потоа затворете го садот и оставете го на ладно 12-тина часа.

Овој третман можете да го користите наутро или навечер. Натопете од течноста на памукче, нанесете на лицето, почекајте малку да се исуши и потоа повторете ја постапката. Третманот трае од 5 до 10 минути.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар