Едноставни и слатки идеи за љубовни состаноци за време на летните врнежливи денови

Врнежливите денови не смеат да ве спречат во тоа да имате интересни мигови со саканата личност. Можеби не е идеално време за љубовни состаноци, но со малку креативност може да имате забавно лето дури и кога врне. Како? Ние имаме неколку едноставни идеи за вас.

Едноставно и слатки идеи за состаноци за време на летните врнежливи денови

1. Читајте заедно во кафуле

Има нешто смирувачко во пиењето кафе во омиленото кафуле додека надвор врне. Секако, нешто што дополнително ќе придонесе да се чувствувате убаво е вашата омилена книга и присуството на саканата личност. Па, ете ви одлична идеја за љубовен состанок – уживајте заедно додека читате!

2. Гответе заедно

Не се грижете доколку не сте најдобриот готвач, тоа што е навистина важно е забавата. Размислете за тоа кои ви се омилени јадења и гответе еден за друг. Каков и да е крајниот резултат, сигурни сме дека ќе поминете квалитетно време заедно, работејќи како тим.

3. Одете на вечера

Ако воопшто не ви се готви, дотерајте се и одете на вечера. Веруваме дека имате листа со ресторани кои сакате да ги посетите, па ете ви прилика. Време е да го пробате специјалитетот за којшто зборувате со недели, а сте го виделе на Инстаграм.

4. Играјте друштвени игри

Монопол, Ризик, Џенга… изборот е голем. Облечете се удобно, земете нешто за грицкање и играјте со часови. Секако, на крај губитникот треба да чести билети за наредната посета на музеј.

5. Посетете музеј

Посетата на музеј може да биде одлична идеја бидејќи ќе научите нешто ново, а во исто време ќе бидете на затворено. На врнежлив ден, дури и музеите можат да бидат романтични.

6. Разбудете го детето во себе

Одвреме-навреме, добро е да се навратите на детските игри. Извадете ги вашите гумени чизми и скокајте во вирчиња. Звучи детски, но ќе ви биде многу забавно! Можеби ќе добиете по некој чуден поглед од луѓето во околината, но тие само ќе ви завидуваат на слободата која ја чувствувате.

7. Вежбајте заедно

Дури и ако вежбањето е последната работа која сакате да ја правите, тоа може да биде сосема поинакво искуство доколку вежбате со саканата личност. Трчајте заедно на трака или правете вежби за стомачни. Сѐ е полесно кога ја имате потребната поддршка од партнерот. Исто така, смеењето троши калории, па слободно насмејте му се доколку погрешно ги прави вежбите.

8. Гледајте претстава

Нема ништо подобро од уживање со одлична приказна на „даските што живот значат“. Во македонските театри се играат одлични претстави, од комедија до драма. Отворете го нивниот репертоар и одберете нешто што ќе ви го привлече вниманието.

Доколку сакате авантури, еве и неколку уникатни идеи за љубовни состаноци.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар