Едноставен тест: За 10 секунди откријте колку е стара вашата кожа

Преку едноставен и брз тест можете да откриете колку навистина е стара вашата кожа и во каква состојба се наоѓа, без оглед на годините коишто ги имате. Кожата треба да се негува, а таа е огледало и одраз на нашата внатрешност. Начинот и квалитетот на живот оставаат видливи траги на кожата.

(1) Едноставен тест: За 10 секунди откријте колку е стара вашата кожа

Сè што треба да направите е во внатрешниот дел од надлактицата, со палецот и показалецот да стиснете дел од кожата и да го држите пет секунди. Потоа пуштете ја кожата и бројте колку секунди ѝ се потребни да се израмни површината, односно да се врати во нормалната состојба.

Ова се резултатите:
  • 1-2 секунди: Помалку од 30 години
  • 3-4 секунди: Меѓу 30 и 44 години
  • 5-9 секунди: Меѓу 45 и 50 години
  • Подолго од 10 секунди: Над 60 години


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар