Еден ветеринар открива што прават миленичињата во последните моменти од животот и тоа е многу тажно

Еден ветеринар открива што прават миленичињата во последните моменти од животот и тоа е многу тажно

Многумина ја доживуваат загубата на домашното милениче како загуба на член од семејството и секој што се соочил со одлуката дали да го успие домашно милениче или не, знае колку е болна и тешка таа одлука.

Еден ветеринар открива што прават миленичињата во последните моменти од животот и тоа е многу тажно

Мислењата за тоа се поделени: додека некои сметаат дека немаат право да одлучуваат за животот и смртта на животното, други сметаат дека е подобро да му ги скратат маките за животното најпосле да може да се одмори.

Меѓутоа, многумина од оние што го избираат второто, не можат да го гледаат успивањето на домашното милениче со кое делеле и добро и зло со години, но кога ќе прочитате како еден ветеринар ги опишал последните моменти на животните што ги успивал, веројатно ќе се премислите и ќе се натерате себеси да го издржите тоа болно искуство.

Ветеринарите одговараат дека кога треба да се успие животното, 90% од сопствениците не сакаат да бидат присутни во просторија, па домашните миленици во последните моменти од својот живот очајно гледаат наоколу, во потрага по сопственикот, а тоа е многу тешка глетка.

Заради тоа Џеси Дитрих, згрижувач на милениче напишала твит кој привлекол многу внимание, а во кој таа вели дека кога ќе дојде моментот на разделба таа нежно ќе го држи миленичето, ќе го опкружи со неговите омилени играчки и ќе го чешка зад ушите, колку и да е тоа очајно и тажно.

Некои корисници на социјалните мрежи ги споделиле своите приказни за разделбата со миленичињата.

Некои од нив велат дека без оглед колку тоа би било тажно и ужасно искуство, би биле среќни да бидат со своето милениче и да го опкружуваат со љубов во последните моменти.

Дури 80% од сопствениците сакаат да бидат со нивните миленичиња пред нивната смрт. Ветеринарите велат дека на животните им ставаат инјекција за смирување, за прво да ги успијат и заминувањето да биде што е можно полесно. Па, ако сопствениците не сакаат да бидат присутни за време на еутаназијата, тие остануваат до моментот која им инјектираат средство за спиење, за да бидат со нив барем додека не заспијат. На тој начин, животните колку-толку заспиваат мирно.

Можеби сакате да прочитате и за тоа што открива положбата на спиење на вашето милениче за неговата ментална состојба?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар