7 мисли што родителите ги имаат додека нивното бебе спие

7 мисли што родителите ги имаат додека нивното бебе спие

Ако имате дете, сигурно сте се нашле во ситуација да не се осмелувате да се помрднете додека вашето бебе ви спие во рацете. Родителите кои имаат чувствително бебе или бебе кое не сака да спие, веројатно знаат за што станува збор. Прочитајте го овој забавен список од нешта на кои родителите помислуваат додека нивното бебе им спие во рацете.

7 мисли што родителите ги имаат додека нивното бебе спие

1. „Празна батерија?! Неее!”

Единствено нешто полошо од испразнета батерија на мобилниот телефон е кога држите заспано бебе, а во далечината го гледате телефонот кој ѕвони, но едноставно е предалеку за да може веднаш да посегнете по него.

2. „Мислам дека мочниот меур ќе ми пукне.”

Многу често дури и не сфаќате дека мочен меур ви е целосно полн сè додека не „заглавите“ на креветот со бебе кое мирно ви спие на градите… Или уште полошо, на стомакот, со што дополнително го притиска мочниот меур. Има нешто поврзано со тежината и топлината на заспаното бебе што нè прави посвесни за постоењето на овој орган.

3. „Всушност треба да _____.”

Чистам, готвам, јадам, одам во тоалет, се туширам, ги платам сметките и така натаму. Времето за спиење е обично времето кога може да бидете попродуктивни без малите да трчаат наоколу или да доползуваат.

4. „Ау! Ми се „здрви“ раката!”

Ако вашето деветмесечно бебе заспива додека го доите, раката што ја држи целата негова тежина по некое време станува вкочанета. Истото важи и за нозете, доколку ги држите вкрстени или седите на нив. Но, преместувањето во друга позиција може да предизвика некаков „домино ефект“ и наместо со тивко, да завршите со навистина гласно бебе.

5. „Можеби сега може да го оставам во креветчето? Дали да пробам?”

Ако го ставите во креветчето, се случува, тоа веднаш да се сврти, да седне, да ве погледне како најголем предавник и да започне да плаче. Ако чекате премногу долго, бебето може да се разбуди и да биде „премногу одморено“ за повторно да заспие. Значи, треба да имате добар тајминг за да го направите тој потег во најдобар момент, во спротивно и двајцата ќе бидете во неволја!

6. „Се откажувам. Едноставно ќе го држам додека не се разбуди.”

Ова можеби ви се случува често. Заглавувате со бебето кое се буди и повторно заспива и потоа е касно да го префрлите во креветчето. Па гледате во часовникот и си велите:, Добро, се предавам. ’.

7. „Еден ден веќе нема да имам можност да го направам ова и ќе ми биде жал.“

Кога бебето спие само додека го држите во раце, лесно може да се почувствувате фрустрирано и поразено. Па, се прашувате дали некогаш ќе бидете ослободни? Во вакви моменти, дишете и потсетете се себеси дека оваа фаза нема да трае вечно. Пред да трепнете, овој вид блискост ќе помине и ќе ви недостасува, бидете сигурни. Затоа, ценете ги овие слатки моменти на разочарување и уживање.

Можеби сакате да прочитате и дека наместо да им викате на вашите деца, направете ги овие 4 работи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар