Дознајте ги навиките на луѓето кои секогаш се полни со енергија

Сигурно познавате човек кој е секогаш полн со енергија. Знаете на кого мислиме? Мислиме на вашиот пријател кој станува со изгрејсонцето, завршува со вежбање пред 8 часот наутро и секогаш е подготвен за нови работни предизвици, но и за вечерни излегувања. Дали и вие спаѓате во оваа група луѓе? Доколку не можете да се пронајдете, не грижете се. Има и многу други луѓе кои се постојано исцрпени, бараат помош од големата шолја кафе, а единствениот спас по напорниот работен ден го наоѓаат во каучот. Дали сте изморени од тоа да бидете изморени? Ако одговоривте потврдно, дознајте ги навиките на луѓето кои секогаш се полни со енергија и станете едни од нив…

Дознајте ги навиките на луѓето кои секогаш се полни со енергија

Јадете здрав и калоричен појадок

Дали постојано се чувствувате уморни? Обрнете внимание на вашата исхрана. Доколку најчесто консумирате обработена храна полна со шеќери или ги прескокнувате најважните оброци како што е појадокот, штотуку ја најдовте причината за вашата исцрпеност. Појадокот секогаш треба да биде добро балансиран и да ви даде доволно енергија, а притоа да го одржи шеќерот во крвта на нормално ниво. Шеќерот во крвта најчесто е покачен наутро, поради ослободувањето на разни хормони, како што е кортизол на пример.

За да го спречите наглиот пораст на енергијата по што ќе следува нејзин драстичен пад, најдобро е да јадете појадок богат со добри јаглехидрати како што се житарките, зеленчуците што содржат скроб и овошје. Слободно можете да ги комбинирате овие состојки со протеини и маснотии. Тоа ќе ја одржи рамнотежата на нивоата на шеќерот во крвта и ќе ги спречи енергетските падови. Па, како би требало да изгледа вашиот појадок? Потпечено парче од леб со цели зрна, авокадо, јајце или димен лосос. Овој појадок ќе ви даде одличен, вкусен, здрав и енергичен почеток на денот.

Дознајте ги навиките на луѓето кои секогаш се полни со енергија

Развијте ги вашите комуникативни вештини

Ако вашата работа бара од вас постојано да бидете активни, тоа може да ја исцрпи вашата психичка енергија. Иако постојат луѓе кои обожаваат да запознаваат и да разговараат со нови луѓе, некои поединци не можат да се справат со постојаната социјална интеракција, бидејќи ги истоштува. Овој проблем ќе можете да го решите, доколку работите на вашите комуникативни вештини. Добрата комуникација може позитивно да се одрази на вашиот приватен и професионален живот. На пример, почнете со тоа што внимателно ќе ги слушате вашите соговорници со намера навистина да ги разберете. Потиснете ја вашата потреба од тоа веднаш да си го кажете мислењето и дајте им шанса на луѓето да се искажат.

Доколку страдате од социјална анксиозност и не ви е пријатно да разговарате со непознати луѓе, најдобро е едноставно да почнете да им приоѓате на луѓето. Секој ден развивајте ги вашите комуникативни вештини. На тој начин, ќе бидете поенергични и нема да се грижите околу тоа дали треба се запознаете со некого.

Секој ден развивајте ја вашата креативност

Нема да погрешите доколку го почнете денот со вежбање, но ако не можете веднаш да се помрднете од кревет, обидете се да поработите на еден од најважните мускули: Мозокот. За да го активирате мозокот рано наутро, направете нешто креативно веднаш штом се разбудите. Некои луѓе го почнуваат денот со свирење пијано. Свирењето инструменти ги активира сите делови од мозокот одеднаш, особено визуелниот, аудитивниот и моторниот кортекс. Оваа ментална вежба може да го замени утринското кафе и да ја зголеми вашата продуктивност во текот на целиот ден. Ако не сте многу музикални, не грижете се. Можете да се обидете со која било друга креативна активност. Плетете, цртајте, танцувајте, пишувајте… Сами одберете како ќе го започнете денот.

Дознајте ги навиките на луѓето кои секогаш се полни со енергија

Пијте повеќе вода

Звучи многу едноставно, но сепак многу луѓе се истоштени поради дехидратација. Според едно неодамнешно истражување од Велика Британија, 50% од луѓето не знаат колку вода треба да пијат, а оние кои пијат помалку вода честопати се уморни, нерасположени, неспособни да се сконцентрираат и постојано чувствуваат потреба од нездрава храна. За да го спречите ова, експертите препорачуваат да пиете по 8 чаши вода дневно и да одбегнувате газирани пијалаци, кафе и сокови, кои можат да ве дехидрираат уште повеќе.

Заборавете на телефоните и наспијте се

На просечниот возрасен човек му требаат од 7 до 8 часа спиење секоја вечер. Бидете искрени, колку часа спиевте минатата вечер? Ако сте спиеле помалку од потребното, тогаш би требало да си легнете порано вечерва. Луѓето кои наоѓаат време да водат успешни бизниси, да му посветат време на партнерот и да се дружат со пријателите не се откажуваат од нивниот сон, особено не поради гледање телевизија или седење на Интернет. За да се разбудите полни со енергија, исклучете го телевизорот, оставете го телефонот и запомнете дека сите тие возбудливи пораки, имејлови и серии ќе можете да ги погледнете и утре.

Дознајте ги навиките на луѓето кои секогаш се полни со енергија

Погледнете ги и следниве 11 екстремно чудни навики на успешните луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар