Саркастичен хороскоп за оваа недела што ќе ве насмее до солзи

Дали верувате во хороскоп? Без разлика дали верувате или не, сигурни сме дека ќе се пронајдете во следниов хороскоп. Прочитајте каква иднина ви претстои во наредните денови и насмејте се до солзи…

Саркастичен хороскоп за оваа недела што ќе ве насмее до солзи

Овен

Работа: Сфативте дека вашиот шеф е глупав веднаш штом ве вработи.

Здравје: Можеби ви е мал, но барем простатата ви е зголемена.

Љубов: Се оженивте и сега во паричникот чувате фотографија од жена ви, наместо пари.

Бик

Работа: Немојте да ги потценувате вашите способности. И онака сите останати веќе го прават тоа.

Здравје: Најубаво е да се биде хипохондрик кој работи во аптека.

Љубов: Ако сте тинејџери, искористете ја приликата за да започнете врска со тинејџерка. Подоцна тоа нема да биде легално.

Близнаци

Работа: Секако дека вашиот докторат вреди. Само научниците можат да заработат за една година повеќе одошто можат да заработат фудбалерите за еден ден.

Здравје: Му кажавте на психијатарот дека размислувате за самоубиство. Сега тој бара да му плаќате однапред.

Љубов: Или имате ерекција или се радувате поради тоа што конечно ја излечивте импотенцијата.

Рак

Работа: Не ви се верува колку неписмени колеги имате. Се сомневате дека вашиот шеф не знае да користи компјутер.

Здравје: Загрижени сте поради тоа што вашиот пластичен хирург го обожава Пикасо.

Љубов: Сега ви е жал поради тоа што не бевте џентлемени и не ѝ ја отворивте вратата од автомобилот на вашата девојка, туку само испливавте на површина.

Лав

Работа: Ништо не ви оди од рака. Кога би отвориле погребално, луѓето би престанале да умираат.

Здравје: Почнува да ви станува сомнително тоа што заболекарот по секоја интервенција ви подарува еден куп чоколади и бонбони.

Љубов: Девојка ви мисли дека ја изневерувате. Од друга страна, пак, вашата сопруга воопшто не се сомнева во вас.

Девица

Работа: Одбрани сте за работник на месецот кој ќе добие отказ.

Здравје: Колку помалку ве интересираат списанијата во чекалната, толку повеќе чекате за преглед.

Љубов: Можеби вашиот сопруг сѐ уште ќе беше жив доколку не доживееше срцев удар токму тогаш кога игравте пантомима.

Вага

Работа: Ве изненади тоа што добивте отказ, иако работите како јасновидци.

Здравје: Толку многу вежбате што буквално не можете да излезете од теретана.

Љубов: Кога се работи за љубовта, вие секогаш ги имате предвид следниве непишани правила:

1.

2.

3.

Скорпија

Работа: Налетувате на многу интересни луѓе откако почнавте да возите шлепер.

Здравје: Ако ве пецка додека мокрите, оддалечете се од радијаторот.

Љубов: Можеби мислите дека не сте педофили, но малку е сомнително тоа што роденденот на девојка ви го славевте во игротека.

Стрелец

Работа: Вие навистина ги мотивирате колегите. Откако се вработивте, сите работат дупло повеќе.

Здравје: Мака ви е од мачнината.

Љубов: Сфативте дека вашата девојка инсистира на користење заштита дури тогаш кога го извади солзавецот.

Јарец

Работа: Не грижете се, не е сѐ така црно. Ќе добиете имејл од богат принц од Нигерија.

Здравје: Лоши вести од ушниот лекар. За среќа, нема да ги слушнете.

Љубов: Ви беше тешко да ја изгубите тештата, но некако успеавте.

Водолија

Работа: Добивте отказ од фабриката за хелиум, бидејќи на вашиот шеф не му се допаѓаше тонот со кој му се обраќавте.

Здравје: Ви исчезнаа проблемите со половината откако почнавте да се занимавате со политика.

Љубов: Или сите ваши бивши се луди или никој нормален не бил со вас.

Риби

Работа: Не можевте да ги поднесете туѓите гомна, па затоа дадовте отказ од фабриката за чистење септички јами.

Здравје: Треба да поразговарате со психијатар околу вашиот однос со мајка ви. Проблемот е во тоа што мајка ви е психијатар.

Љубов: Љубовта е само збор. Во вашиот случај тој збор има 12 букви: апстиненција.

Прочитајте и како изгледа кога сите хороскопски знаци ќе тргнат заедно на пат


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар