Достигнете го сопствениот потенцијал за да постигнете успех

Достигнете го сопствениот потенцијал за да постигнете успех

Дали чувствувате дека можете да направите многу повеќе со својот живот? Мислите ли дека не го искористувате целосно вашиот потенцијал? Проблемот е во тоа што речиси никогаш не сме сигурни колкав е нашиот потенцијал. Првиот чекор кон искористување на сопствениот потенцијал е сфаќањето што нè спречува да го направиме тоа.

Достигнете го сопствениот потенцијал за да постигнете успех

Причини поради кои не си го искористувате доволно потенцијалот:

Се потценувате себеси – Можеби имате некаква визија за себе, но во моменти на ниска самодоверба некој глас во вас ви кажува дека не сте доволно добри или дека мечтаете за нешто неостварливо. Дури може да почнете самите да барате изговори зошто не тргнувате кон посакуваната цел. Дали вашиот сон многу често ви звучи како смешна детска идеја и не се осмелувате да почнете да вложувате труд во неговото остварување?

Го знаете вашиот потенцијал, но не знаете како да го достигнете – Можеби сте свесни дека имате потенцијал да направите неверојатни работи, но не знаете како да го достигнете. Ви се чини дека растојанието од точката каде моментално се наоѓате до самиот успех е едноставно преголемо и немате идеја како да го поминете. Тоа е како да гледате полн базен со вода и јасно ви е дека она што треба да го направите е да го испразните, но сè што имате на располагање е една малечка лажица. Можеби токму немањето ресурси ве спречува да тргнете нанапред?

Достигнете го сопствениот потенцијал за да постигнете успех

Ја насочувате целата ваша енергија во погрешни работи – Можеби знаете дека сте создадени за да работите нешто, но сте преокупирани со други обврски, така што не можете да посветите време за надградување на себеси во таа област. Или едноставно сте заглавиле во шаблонот на секојдневието и не можете да излезете од тој лавиринт и да ја насочите вашата енергија во правилна насока?

Доколку се пронајдовте макар во една од трите наведени причини, продолжете со читање.

Како да го достигнете вашиот потенцијал?

Стивнете ги негативните гласови. Она што треба да ве поведе е жестоката желба за стигнување до посакуваната цел. Нема нешто што е невозможно. Наместо да барате изговори, дејствувајте водени од мислата дека сè што посакувате може да ви се оствари доколку имате желба и вложите доволно труд.

Пронајдете ја вашата страст. Издвојте период во кој ќе пробате многу работи во кои барем малку се пронаоѓате. Потоа издвојте ја онаа која најмногу ја буди вашата креативност и желба за успех. Онаа која ве претвора во енергична сила која има капацитет да постигне сè што ќе ѝ падне на памет.

Навивајте самите за себе. Бидете свои навивачи наместо критичари. Не секогаш ќе го направите правилниот избор, но важно е да се задржи позитивната енергија и мотивацијата. За сè може да најдете негативни страни, но поддржувајте се наместо да се кудите. Ќе забележите како за брзо ќе почнете многу повеќе да верувате во себе.

Достигнете го сопствениот потенцијал за да постигнете успех

Бидете свесни за своите позитивни страни. Како може да го достигнете својот потенцијал ако се плашите да признаете дека сте добри во нешто? Заборавете на скромноста. Кога гледате дека во одредено подрачје сте навистина добри, најдете начин тоа да го кажете на глас.

Бидете свесни за своите негативни страни. Секако, секој има слабости и предности. Бидете искрени кон самите себе. Ако постојано се залажувате дека сте добри во нешто за што навистина не сте, ќе продолжите да ја насочувате целата ваша енергија во подобрување на тоа поле наместо надградување и усовршување на она што ви е силна страна.

Имајте генерален план. Ретко кога нашите планови ги следиме во секој чекор, но добро е да имате генерален план за да знаете кон каде се движите. Имајте на ум што треба да направите, кон каде треба да се придвижувате и што треба да вложите за понатамошен успех.

Колку сте подготвени да жртвувате? Можеби за постигнување на вашата цел ќе треба да вложите непроспиени ноќи и многу труд. Дали сте подготвени да се жртвувате или ќе се откажете на пола пат?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар