Едноставна масажа за лице против брчки

Едноставна масажа за лице против брчки

Масажата на лицето е една од најдобрите и најефикасните решенија против брчките на лицето. Иако преовладува митот дека подигнувањето и спуштањето на кожата го омекнува вашето лице, правејќи вдлабнатини, треба да знаете дека тоа не е вистина. Кожата е еластична, а масажата на лицето може да го освежи тонусот на кожата, да го забави стареењето и да ја одложи појавата на нови брчки.

Домашна масажа за лице против брчки

Во потрга по најдобра масажа за лифтинг на лице која можете да ја практикувате секој ден во вашиот дом, го пронајдовме овој туторијал на британската блогерка за нега на лице и убавина Абигејл Џејмс, кој е многу популарен на нејзиниот Јутјуб канал, а според коментарите е исклучително ефикасен и одличен.

Абигејл оваа рутина ја практикувала веќе неколку години, а ја научила гледајќи ги професионалните дерматолози и експертите за кожа кои сметале дека секојдневното (рачно) масирање на лице може да помогне во борбата против „отпуштените“ образи и брчки.

Треба да имате на ум дека секое масирање на лицето треба да го правите внимателно. Кожата да ја кревате со прстите и дланките и никако да не ја спуштате надоле. Оваа масажа можете да ја правите 3 пати неделно.

Абигејл советува да ја правите оваа масажа со некое растително масло, без разлика дали тоа ќе биде кокосово или некое друго, а голем број од блогерките сметаат дека кремата од шеа путер делувала многу ефикасно.

Во продолжение погледнете го видеото како правилно да ја изведете оваа масажа:

Погледнете ги и овие 5 продукти што ќе ви помогнат да се справите со брчките.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар