Домашна крема против брчки – резултати веќе за 7 дена

Домашна крема против брчки – резултати веќе за 7 дена

Појавата на брчките е неминовна кај секоја жена, и штом се соочиме со првите знаци на стареењето, веднаш почнуваме грчевито да се бориме со помош на разни креми, методи и козметички третмани. Но, дури и најскапите креми не гарантираат комплетно отстранување на ова несовршенство, особено заради тоа што кожата брзо се навикнува на купечките креми, а и секогаш не го дава соодветниот резултат.

domashna-krema-protiv-brchki-rezultati-vekje-za-7-dena-kafepauza.mk

Ако имате малку време и сакате да подготвите домашна крема против брчки со свои раце, тогаш можете да го искористите овој одличен рецепт.

Оваа домашна крема е идеално средство за нега на кожата бидејќи ја хидрира, го изедначува тенот, ги намалува видливите брчки и го успорува процесот на стареење на кожата. Нејзината предност е во тоа што се базира на природни состојки и е сосема безбедна и соодветна за сите типови кожа.

Оние кои сакаат да се грижат за својата кожа, штом еднаш ја пробаат оваа крема, со сигурност ќе ја засакаат. Ова е многу едноставен рецепт, со навистина зачудувачки резултати, кои ќе ги забележите веќе после 7 дена.

Потребни состојки:
  • 1 жолчка
  • 1 лажица бадемово масло (или маслиново)
  • ½ лажица квалитетен мед
  • 2 мали лажички медицински вазелин
Начин на подготовка:
  1. Вазелинот стопете го на водена пареа. Ќе ви бидат потребни неколку минути.
  2. Потоа тргнете го настрана и додадете ги останатите три состојки.
  3. Сите состојки убаво промешајте ги. Мешајте неколку минути додека не добиете хомогена смеса.
  4. Претурете ја кремата во кутиче од крема (50 мл).
Начин на користење:

Со лесни движења нанесете од кремата на исчистена кожа и благо масирајте. После 30 минути отстранете го вишокот со памучно крукче за отстранување шминка, натопено во кисела вода или со влажно марамче за лице.

Оваа крема може да ви послужи при јапонската Зоган масажа за подмладување на лицето.

Напомени:

Кремата се впива во кожата подолго од еден час, така што треба да се нанесе на лицето најмалку 2 часа пред спиење.

Кремата чувајте ја во фрижидер. Кога ќе се потроши, доколку ви се допаѓаат ефектите, направете си нова, но бидејќи сите состојки се природни, не правете поголеми количини. Во спротивно може да ви се расипе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар