Домашен рецепт за переци со точки

Вкусна закуска за секој дел од денот!

domashen-recept-za-pereci-so-tochki-www.kafepauza.mk (1)

Потребни состојки:
За тестото:
  • 320 грама брашно за сите намени
  • 2 1/4 лажичка сув квасец
  • 90 грама светло кафен шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 230 милилитри полномасно млеко
  • 2 лажици путер на собна температура
  • 1 лажичка екстракт од јагоди
  • 1 капка розова боја за храна
За преливот:
  • 1 јајце
  • 1 лажица вода
  • Бели, кружни чоколадни трошки

domashen-recept-za-pereci-so-tochki-www.kafepauza.mk (2)

Начин на подготовка:

Ставете ги брашното, квасецот, шеќерот и солта во сад со средна големина. Матете додека не се соединат. Стоплете го млекото во микробранова или на шпорет, но внимавајте да не надмине 40 степени. Ако млекото е премногу загреано, ќе го уништи квасецот.

Додајте ги млекото, путерот, екстрактот од јагода и бојата за храна во останатите состојки, ставете го додатокот за тесто на миксерот и матете на средна брзина околу 5 минути или сè додека не добиете нежно тесто.

Направете го тестото во форма на топка и ставете го во сад што е добро подмачкан со масло. Покријте го и оставете го да отстои околу 1 час. Ако сакате, можете да го оставите и во фрижидер во текот на ноќта. Тестото ќе биде спремно за подготовка кога ќе добие дупла големина.

Вклучете ја рерната на 200 степени и поставете хартија за печење на тава. Додека таа се загрее, почнете да работите на вашите мини переци. Најпрво попрскајте масло на работната површина. Ова ќе ви помогне при обликување на тестото. Потоа поделете го на 6 еднакви парчиња и секое од нив претворете го во долги „јажиња“. За да ја добите формата на переци, најпрво поставете го тестото во форма на латинската буква „U“ и потоа свиткајте го саканата форма така што ќе ги споите краевите одоздола.

Наредете ги переците на претходно подготвената тава и намачкајте ги со комбинацијата од јајца и вода. Кога ќе завршите, посипете ги и чоколадните трошки. Печете 8-10 минути или сè додека не добиете златнокафена боја.

Пробајте ја и оваа слатка солена торта со чоколадо и переци!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар