Добро е да се знае: 4 безвремени лекции за шминкањето

Иако за многумина од нас шминкањето претставува секојдневна рутина, сепак понекогаш ги занемаруваме некои од основните правила кои имаат големо влијание врз нашиот целосен изглед и впечатокот кој го оставаме на другите. Затоа треба да се држиме до некои правила кои ќе ни овозможат правилна употреба на нашата шминка.

Добро е да се знае: Безвременски лекции за шминкањето

Ова се 4-те основни правила за нанесување шминка, според мислењата на експертите:

1. Подлога

Добро е да се знае: Безвременски лекции за шминкањето

Базата никогаш не треба да се нанесува директно на кожата. Неа секогаш треба да ѝ претходи хранлив серум или хидратантна крема.

2. Нијанса на пудра

Добро е да се знае: Безвременски лекции за шминкањето

Нијансата на пудра која одговара на вашиот тен не се бира на тој начин што ќе ја проверите на дланките, туку така што ќе нанесете мала количина под брадата и ќе размачкате малку на вратот. Совршената нијанса е онаа која се поклопува со природниот тен.

3. Коректор

Добро е да се знае: Безвременски лекции за шминкањето

Несовршеностите не треба да се покриваат со огромни количини на пудри. За тоа служи коректорот. Само така вашето лице може да изгледа здраво и убаво, а тенот изедначен.

4. Руменило

Добро е да се знае: Безвременски лекции за шминкањето

Руменилото секогаш се нанесува на највисокиот дел на јаболкниците, а после тоа со кружни движења со четка се разнесува од страната кон ушите.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар