Доаѓа лето… Зошто треба да ја скратите косата?

Постојат многу причини зошто треба да ја скратите косата на почетокот на летото. Доколку сѐ уште се двоумите, разгледајте ги следниве предности на ваквиот чекор и спремни дочекајте го летото!

1. Чувство на леснотија

Еден од наједноставните мотиви за кратењето на косата е секако чувството на леснотија кое доаѓа со тоа. Огромната и густа коса во жешките летни денови и не е некое уживање. Па, зошто да не се ослободите од товарот?

Доаѓа лето...Зошто треба да ја скратите косата?

2. Нов почеток

Иако кратењето на косата можеби не ви се чини како голема работа, сепак навистина значително влијае врз вашето расположение и личен живот. Таа мала промена може да донесе многу нови нешта! Симболичен нов почеток. Ќе се чувствувате како зад себе да го оставате она што поминало и продолжувате напред!

3. Полесно одржување

Кратката коса многу полесно се одржува. Миењето и фенирањето одземаат многу помалку време. Секако, истовремено заштедувате и на продуктите за коса бидејќи ги користите многу подолго.

4. Доволно време за повторно да порасне

Кога сте на училиште или факултет, новата лоша фризура може да значи период на срам и озборувања. Но, доколку го направите тоа на почетокот на летото, ќе имате доволно време за раснење и подобро средување на косата. Ќе се навикнете на новиот изглед и ќе сфатите што точно треба да направите и како да ја средите на најубав можен начин.

Доаѓа лето... Зошто треба да ја скратите косата?

5. Безгрижност

Она што е најдобро за кратката коса е чувството на безгрижност. Средувањето не одзема време и е сосема погодно за летните денови.

6. Самодоверба

Промената на косата со себе треба да донесе и зголемена самодоверба. Ќе се чувствувате похрабри и поинспирирани. Ќе се препородите и спремни ќе го дочекате летото! Секако, одберете добар и искусен фризер за сето ова да постане реалност.

7. Време за промена

Промените кои ги правите во стилот, се суштински за убав живот. Па, ако долго не сте направиле некаква промена, сега е вистинското време за тоа! Може да ја скратите косата, да ја смените шминката, да се облекувате малку поинаку од вообичаеното итн. Овие мали промени ќе направат да се чувствувате поубаво! Направете нешто различно ова лето и дозволете си малку промена и разгалување!

Доаѓа лето...Зошто треба да ја скратите косата?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар