5 погрешни верувања кои ве оддалечуваат од вистинската љубов

Секоја врска е различна и секој пар има свој сопствен начин на функционирање. Тоа што помага при одржувањето кај една врска, не мора да значи дека ќе помага и кај друга. Но, кога станува збор за погрешни верувања, наредниве неколку важат за сите видови врски. Погледнете кои верувања можат да ве спречат при наоѓањето на љубовта на вашиот живот…

5 погрешни верувања кои ве оддалечуваат од вистинската љубов

1. Врските се тешки за одржување

Тоа не е баш точно. Секако, вие мора да вложите труд во вашата врска, затоа што таа ви е една од најважните работи во животот. Тоа значи дека ќе мора да одвоите време за потешките разговори, да бидете голема поддршка за вашиот партнер и да му посветите доволно внимание. Но, тоа не значи дека треба повеќе да разговарате за самата врска отколку да бидете во неа. Откако ќе ги решите сите несогласувања, фокусирајте се и на убавите и среќни моменти. Секоја врска има свои подеми и падови, вие сè што треба да направите е да научите како да се справувате и со лошите, но и со добрите моменти. Доколку чувствувате дека вашата врска ви е многу тешка за одржување и ве исцрпува наместо да ве полни со енергија, тогаш можеби треба сериозно да разговарате со вашиот партнер.

2. Сексуалната возбуда избледува, таа не е толку важна

Вашата сексуална возбуда кон партнерот можеби нема да биде иста како на почетокот на врската, но сепак страста мора да постои. На интимноста едноставно ѝ е потреба интимност. Токму затоа мора постојано да се трудите да го одржувате вашиот сексуален живот. Преземете ги работите во раце и изненадете го вашиот партнер со забавна и разиграна енергија. Играјте улоги. Праќајте си заводливи пораки за време на работното време. Купете секси долна облека. Накратко, обидете се колку што е можно повеќе да го држите вашиот партнер возбуден. Ова не само што ќе ви помогне во одржувањето на страста во вашата врска, туку и ќе направи да се чувствувате поудобно покрај вашиот партнер како и да му верувате повеќе. Ќе се ослободите во истражувањето на вашите сексуални фантазии и ќе успеете да излезете од удобната и монотона зона. На овој начин наместо да избледува, вашата сексуална возбуда секојдневно ќе расте.

3. Сите ние водиме посебен живот

Секако вие и вашиот партнер сте две посебни индивидуи и токму затоа големи се шансите да имате различна кариера и различни пријатели кои ве водат кон различни кругови на движење. И покрај тоа што здраво е одвреме-навреме да поминувате малку време и разделени, внимавајте да не се оддалечите премногу. Никогаш не ја потценувајте моќта на квалитетното време поминато со вашиот партнер.

4. Мора да правите компромиси

Точно, вие треба да научите како да правите компромиси за малите нешта. Доколку едниот вечерва сака да јаде кинеска храна, а другиот пица, најдобро е заеднички да дојдете до некаков договор. Но, кога станува збор за нешта кои би можеле да ги загрозат вашите основни вредности, тогаш компромисот е најлошото решение. Еве на пример, доколку вие сакате 3 деца, а тој ниту едно (или обратно) и ако успеете некако да се убедите и договорите да имате само 1 дете, тогаш големи се шансите дека и двајцата ќе си префрлате за тоа до крајот на вашиот живот.

5. Работите можат да станат само полоши

Ова е можеби една од најлошите лаги кои некогаш се појавиле за врските. Постојано гледаме романтични комедии кои завршуваат оној момент кога главните ликови ќе започнат со нивниот заеднички живот. Но, во реалноста приказната не завршува таму. Со секој поминат ден, вие треба да се чувствувате сè поблиски со вашиот партнер. Игнорирајте го она што масовно се рекламира на малите екрани, каде што бракот е претставен како долго и болно нешто кое е исполнето со огорченост, караници и во најлош случај, развод. Токму затоа набљудувајте ги вашите најблиски и пронајдете пар кој ќе ве инспирира во спротивното. Поминувајте повеќе време со нив и ќе се изненадите од нештата кои би можеле да ги откриете.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар