Детален водич: Како да изберете соодветни играчки според годините на вашето дете?

Детален водич: Како да изберете соодветни играчки според годините на вашето дете?

Играчките мора да бидат безбедни, прилагодени на возраста, но исто така треба и да ги развиваат вештините на детето и да овозможат континуирано учење и истражување. Доколку се прашувате каква играчка да му купите на вашето дете за празниците, по можност да не е скапа, а сепак да е корисна за него и забавна, тогаш погледнете како неговите години диктираат што му е најпотребно за игра.

1-detalen-vodich-kako-da-izberete-soodvetni-igrachki-spored-godinite-na-vasheto-dete-www.kafepauza.mk_

1-2 години

Д-р Дубравка Шимуновиќ смета дека за малечките во втората година од животот важни се првите сликовници кои е добро да се изработени од пластифициран материјал, без непотребни детали.

„Дидактичкиот материјал во оваа доба се играчките за туркање и влечење, разни дрвени возила во кои детето може да седне, на нив да додаде различни предмети и притоа да ги вежба движењата“, нагласува таа.

2-3 години

Во третата година детето станува сè повешто и бара играчки кои ќе ги задоволат неговите потреби за движење. Детето слика со прстите и си игра со боите, моделира со пластелин и глина. За оваа возраст идеални се играчките поврзани со животинскиот свет, сето она што се турка, како и акустични играчи.

2-detalen-vodich-kako-da-izberete-soodvetni-igrachki-spored-godinite-na-vasheto-dete-www.kafepauza.mk_

4-5 години

Кај малечките кои се една година постари од претходните, моториката е на самиот врв. Низ сите видови игри во таа доба доминира имитативната игра. Омилената играчка за девојчињата е куклата, но и кадифените животни (мечето, најмногу и најчесто). Детето поставува разни прашања гледајќи ги сликовниците и тоа го поттикнува на говорна активност. Секогаш добар избор се коцките за градење, сложуваки, фризерски прибор и опрема, кукли, глина за моделирање, сликовници со краток текст.

„Кај петгодишните деца значајна е улогата на вербални информации, бидејќи на детето му е потребно родителите да му објаснуваат, да го надополнуваат, да го поправаат и да му помагаат во формирањето на поими“, вели Дубравка.

Таа напомнува дека детето бара друштво на врсници и во игрите започнува да усвојува правила, да ги почитува и да се придржува до нив. Во работата со овие деца соодветен дидактички материјал се ножиците, прибор за шиење, топка, јаже за прескокнување. Имитативните игри се разновидни, а најомилена улога е онаа на доктор, медицинска сестра или болничарка.

6 години

Кога малечките ќе наполнат шест години, се зголемува интересот за конструктивни игри.

„Кај девојчињата и понатаму најомилена е куклата, а кај момчињата разни возила и машини. Детето ги употребува со големо внимание ножичките или боите за цртање“, истакнува Дубравка.

Шестгодишните деца сакаат различни спортски игри и сѐ повеќе бараат друштво од своите врсници. Ги усвојуваат правилата на игрите, ги почитуваат и се придржуваат до нив.

Доколку сакате да поминете повеќе време со вашето малечко, тогаш одлучете се за некоја од овие бесплатни работи кои можете да ги правите со вашето дете на отворено.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар