7 бесплатни работи кои можете да ги правите со вашето дете на отворено

Ги сакате вашите деца, и тие ве сакаат вас. Но понекогаш тие знаат да ги тестираат вашите границите. Во продолжение погледнете неколку предлози за оние денови кога ќе сфатите дека поминало многу време откако сте излегле на свеж воздух, а притоа не би сакале да трошите пари од заштедата за поголемите планови.

1. Прошетка во парк

(1)7-besplatni-raboti-koi-mozhete-da-gi-pravite-so-vasheto-dete-kafepauza.mk

Не е добро ни вие, ни вашето малечко постојано да бидете затворени дома. Свежиот воздух му годи секому. Покрај тоа, пешачењето ќе ви биде како вежбање, а и вашето дете ќе биде физички поактивно.

2. Посета на библиотека

(2)7-besplatni-raboti-koi-mozhete-da-gi-pravite-so-vasheto-dete-kafepauza.mk

Распрашајте се дали во локална библиотека има организирано некакви активности за деца. Исто така можете да поминете време читајќи и разгледувајќи сликовници. Се разбира, земете некоја книга и за дома.

3. Посета на детско игралиште

(3)7-besplatni-raboti-koi-mozhete-da-gi-pravite-so-vasheto-dete-kafepauza.mk

Во сите градови има игралишта за деца. Ова е одличен начин да се размрдате, а и вашето дете може да запознае нови пријатели. Ако имате двор, можете да смислите некоја игра на отворено за вашето малечко.

4. Пикник

(4)7-besplatni-raboti-koi-mozhete-da-gi-pravite-so-vasheto-dete-kafepauza.mk

Спакувајте нешто за јадење, земете некое удобно ќебе и неколку играчки и направете мал пикник во паркот.

5. Фотосесија на отворено

(5)7-besplatni-raboti-koi-mozhete-da-gi-pravite-so-vasheto-dete-kafepauza.mk

Не мора да бидете професионален фотограф за да направете слатки фотографии од вашето дете. Облечете му некоја слатка облека и ослободете ја вашата фантазија. Подоцна ќе ви биде драго што ги имате тие фотографии. Се разбира, не може од мало дете да очекувате да седи мирно и да позира, но понекогаш најдобрите фотографии се оние непланираните.

6. Снешко за време на ладните зимски денови

(6)7-besplatni-raboti-koi-mozhete-da-gi-pravite-so-vasheto-dete-kafepauza.mk

Летото не е единственото годишно време во кое можете да излегувате надвор. Ако има снег, облечете топла облека и направете снешко. Кога ќе завршите, можете да се наградите со вашето малечко со шолја топло чоколадо.

7. Организирање мал собир со други деца

(7)7-besplatni-raboti-koi-mozhete-da-gi-pravite-so-vasheto-dete-kafepauza.mk

Ова може да бидат членови од семејството, некои ваши пријатели или пак пријателчињата на вашето малечко. Добро е и за вас и за вашето малечко одвреме-навреме да се „состанувате“ со други родители и деца. Можете да одите во нечиј дом или пак заедно да правите некоја од активностите на листава. Возраста на вашето дете не е важна, социјалниот аспект од овие дружби ќе ви годи и вам и на детето. Немојте да се плашите да поканите некого, голема е веројатноста и другите родители да бараат вакви активности.

Посета на некој член од семејството, како баба или дедо кои не ги гледате често е исто така одличен начин да го поминете денот. Не мора постојано да бидете затворени дома. Дури и ако треба да ја напуштите вашата удобна зона за некои од активностите, подоцна ќе ви биде мило што сте го направиле тоа.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар