Како да го прифатиме она што не можеме да го промениме?

Како да го прифатиме она што не можеме да го промениме?

За да бидеме среќни, мораме да научиме да ја прифатиме ситуацијата во која се наоѓаме. Но, за да бидеме успешни, мораме да се фокусираме на она каде што сакаме да бидеме. Не можеме да ги промениме сопствените околности додека прво не ги совладаме. Никогаш нема да стигнеме таму каде што сакаме да бидеме, ако одбиваме да ги научиме лекциите од сегашноста, ниту ќе можеме да ја видиме утрешната прилика ако постојано го третираме денешниот ден како нешто неважно…

1-kako-da-go-prifatime-ona-shto-ne-mozheme-da-go-promenime-www.kafepauza.mk_

Што треба да бараме?

Светот е полн со пораки, а за среќата е потребно да живееме во сегашноста. За да бидеме успешни треба да се фокусираме на нашата цел. Важно е да тежнееме кон животот за кој сонуваме. Но, сите би биле многу посреќни кога би научиле да го прифатиме животот кој го имаме.

Па, што треба да бараме? Менување на околностите или учење истите да се прифатат? Треба ли да го зауздите животот или да го прифатите таков каков што е? Треба ли да се спротивставите на патењето или да дозволите да ве промени?

Одговорот е – двете.

Прво морате да ги научите лекциите од сегашноста. Вистината е дека не можеме да ја промениме ситуацијата додека најпрво не ја прифатиме. Никогаш нема да стигнеме таму каде што сакаме да бидеме, доколку не ги научиме лекциите од сегашноста или го третираме денешниот ден како нешто неважно. Тука, секако, се јавува првото прашање: „Како е возможно да ги прифатите околностите кога тие се целосно неприфатливи?“ За почеток, треба јасно да одредиме што не е прифаќање:

  • Прифаќањето не е распарување на својата болка.
  • Тоа не е ослободување од нашите непријатели.
  • Тоа не е казна, согласување или одобрување на предизвиците со кои се бориме.

2-kako-da-go-prifatime-ona-shto-ne-mozheme-da-go-promenime-www.kafepauza.mk_

Прифаќањето е наша волја да обрнеме внимание и да бидеме потполно присутни во својот живот, токму таму каде што се наоѓаме, за да не ги пропуштиме лекциите, врските и приликите кои еден ден ќе ни помогнат да напредуваме.

Прифаќањето е свесен избор, длабоко всаден во нашето размислување дека за сѐ постои причина. Тоа е верување дека и она што ни предизвикува болка има своја цел. Тоа е нашата подготвеност да ги отфрлиме односите, титулите, идеите и приликите кои сме дозволиле да нè одредуваат, во корист за нешто подобро што нè чека од другата страна.

Тоа можеме да го направиме. Тоа мораме да го направиме. Околностите во кои се наоѓаме никогаш не биле наменети да траат вечно. Како кожурец кој некогаш имал клучна важност за нашиот раст, тие со тек на време мора да отпаднат за од нив да излеземе променети.

За посреќен и побогат живот, дознајте како да научете да ги сакате и вашите негативни емоции.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар