Дерматолозите откриваат што никогаш не би го ставиле на својата кожа

Дерматолозите откриваат што никогаш не би го ставиле на својата кожа

Негата на рацете започнува со сапун и вода, но тоа дефинитивно не е крај на добрата нега на рацете. Дерматолозите откриваат кои работи никогаш не би ги ставиле на рацете, и тоа со многу добра причина.

Дерматолозите откриваат што никогаш не би го ставиле на својата кожа

1. Антибактериски сапун

Секогаш кога можете, избегнувајте средства за дезинфекција на рацете што содржат триклосан затоа што постои ризик од размножување на бактериите што се отпорни на повеќе лекови. Исто така, триклосанот може да предизвика значителна иритација на кожата и сувост кај многумина. Наместо тоа, најдобро е да користите цетафилен сапун.

2. Маникир во козметички салони

Треба да избегнувате лак за нокти затоа што може да предизвика појава на осип.

3. Гумени ракавици

Избегнувајте ги ракавиците од латекс бидејќи латексот е голем алерген. Луѓето кои редовно носат вакви ракавици имаат поголеми шанси да развијат алергија на латекс.

4. Сончева светлина и УВ-ламби за нокти

УВ-светлината од сонцето или од ламбите за нокти предизвикува оштетување на ДНК на кожата и може да доведе до предвремено стареење, па дури и до појава на рак на кожата. Ако сакате да ја воочите разликата помеѓу внатрешното и надворешното стареење на вашата кожа, само споредете ја кожата на градите и кожата на лицето. Кожата е на иста возраст, се разликува само во количината на изложеноста на сонце. За оптимално здравје на кожата, нанесувајте крем за сончање со заштитен фактор 30+, 365 дена годишно.

5. Кремови за раце со вазелин

Не користете крем за раце со вазелин бидејќи е премногу мрсен. Наместо тоа, користете крем за раце со глицерин затоа што е хидратантен, но не е мрсен.

6. Ланолин

Кремот за раце со ланолин е добиен од маслото од овча волна. Тој предизвикува алергиски контактен дерматитис кај 2,3% од луѓето. Ќе чувствувате пецкање на кожата и таа ќе биде црвена и иритирана, особено кога е сува и испукана.

7. Гел нокти

Трајниот лак за нокти, како и постапката за негово отстранување, ја суши и ја оштетува плочката на ноктите, што доведува до истенчување, слабеење, раздвојување и кршење на ноктите. Неговата употреба одвреме-навреме е безбедна, но употребата на нови гелови на секои две недели не е идеална за вашите нокти. Иако гелот остава слика на совршени нокти до две недели, тој не им прави никаква услуга на вашите нокти.

8. Детергент за миење садови

Силните детергенти и сапуни, како оние што се за миење садови, ги отстрануваат липидите од кожата и ја оштетуваат кожната бариера.

9. Традиционално средство за дезинфекција

Традиционалното средство за дезинфекција содржи многу алкохол кој може да ја исуши кожата. Наместо тоа, мијте ги рацете со хидратантен сапун или користете средство за дезинфекција кое има хидратантна подлога.

Прочитајте кои 6 проблеми може марамчињата за отстранување шминка да ѝ ги направат на вашата кожа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар