Дерматолозите открија: Режим на исхрана што го забавува стареењето

Доколку сакате вашата кожа да изгледа поубаво и поздраво, тогаш започнете со диетата кој ја осмислил Николас Периконе, дерматолог при Универзитетот во Мичиген. Овој начин на исхрана ги намалува оштетените површински слоеви на кожата кои се создаваат поради делување на слободните радикали.

1-dermatolozite-otkrija-ova-meni-na-ishrana-go-zabavuva-stareenjeto-www.kafepauza.mk_

Ова мени не е првенствено насочено кон губење голем број килограми, но затоа е добро за јакнење на имунитетот, како и за забавување на процесот на стареење на кожата. Периконевиот начин на исхрана подразбира вклучување храна што е богата со антиоксиданси, протеини и есенцијални масла. Би требало да јадете житарки од цело зрно, овес, мешунки, како и голема количина овошје и зеленчук. Се предлага да се консумира авокадо, бобинки, диња, пиперка, како и што повеќе зелен зеленчук, како на пример, марула, спанаќ, аспарагус, брокула и грашок. Од протеини треба да се консумира јајца, пилешко и мисиркино месо без кожичка.

2-dermatolozite-otkrija-ova-meni-na-ishrana-go-zabavuva-stareenjeto-www.kafepauza.mk_

Како добар антиоксиданс се препорачува лососот, меѓутоа доколку вашиот буџет е ограничен, добра замена се и другите видови риба што се богати со омега-3 киселини. Млекото би требало да го избегнувате, а од млечните производи можете да јадете сирење и јогурт со ниски количини на масти. Билното масло заменете го со маслиново, и избегнувајте го внесувањето на заситени масти. Немојте да консумирате леб, алкохол, компир, ориз, како и секаков вид брза храна, бидејќи тие лошо влијаат на кожата, како и на тежината. За вашата кожа да биде здрава и сјајна во текот на денот би требало да испиете осум до десет чаши вода. Дозволено е и една шолја зелен или црн чај. Исфрлете ги од исхраната и газираните сокови, како и слатките, бидејќи содржат голем број адитиви и јаглехидрати.

3-dermatolozite-otkrija-ova-meni-na-ishrana-go-zabavuva-stareenjeto-www.kafepauza.mk_

Пример за мени:

Појадок: Чаша вода, омлет од две јајца, 125 грама варен овес, 75 грама бобинки или 3 парчиња диња.

Ручек: 150 грама риба подготвена на скара, 200 грама марула прелиена со маслиново масло, едно парче диња, чаша вода.

Ужина: Јаболко или круша, 180 милилитри јогурт, 50 грама семки од тиква, чаша вода.

Вечера: 150 грама риба подготвена на скара или 150 грама мисиркино месо, 200 грама марула, 125 грама зелен зеленчук приготвен на пареа (брокула, аспарагус, спанаќ), едно парче диња, чаша вода.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар