Поучна приказна: Мрзливиот земјоделец

Поучна приказна: Мрзливиот земјоделец

Цела ноќ врнело дожд. Патиштата биле калливи, дупките полни со вода. Бил пазарен ден и земјоделецот Раху ја возел својата количка по земјениот пат. Тој морал да стигне рано на пазарот, за да може да го продаде своето сено. За коњите било многу тешко да ги влечат товарите преку длабоката кал, па, при патувањето, одеднаш тркалата на коњската количка потонале во калта. Колку повеќе коњите влечеле, толку повеќе тркалата потонувале. Раху се симнал од своето место и застанал покрај својата количка. Барал наоколу, но не можел да најде некој што ќе му помогне.

Поучна приказна: Мрзливиот земјоделец

Тој тогаш ја проколнувал својата лоша среќа и се чувствувал поразено. Но, не направил ниту најмал обид за да се извлече од ситуацијата. Гледајќи кон небото, тој почнал да му вика на Бог: „Зошто сум толку сум несреќен? Зошто ми се случува ова? Боже, симни се да ми помогнеш!“ По долго чекање, Бог конечно се појавил пред Раху, па го прашал: „Дали мислиш дека можеш да ги раздвижиш кочиите едноставно гледајќи во нив и лелекајќи за својата среќа? Никој нема да ти помогне, ако не се потрудиш самиот. Дали се обиде да ги извадиш тркалата од дупките? Стани и постави го рамото до тркалото и наскоро ќе пронајдеш начин за излез.“ Во тој момент, Раху се засрамил од себе. Се наведнал, го ставил рамото до кочијата и ги повикал коњите. Многу брзо тркалата се нашле надвор од калта и тогаш Раху ја научил лекцијата. Тој му се заблагодарил на Бог и продолжил среќно по својот пат.

Поука: Бог им помага само на оние кои самите си помагаат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар