Дефинирајте го личниот стил

Дефинирајте го личниот стил

Автор: Софија Сионова

Личниот стил е важен дел во животот, поради него луѓето се разликуваат меѓу себе. Но кој стил вам навистина ви прилега? Ова се чекорите за да го откриете вашиот личен стил.

1. Откријте што ви се допаѓа

Веројатноста да пронајдете само една стилска икона која ве опишува е многу мала. Повеќето луѓе се микс: малку Сиена Милер со доза на Кејт Босфорт плус Мери-Кејт Олсен. За да откриете кој најмногу влијае на вашиот стил, отворете Пинтерест, внесете „style icons“ и зачувајте ги сликите во кои најмногу ќе се препознаете. Личностите ќе почнат да се повторуваат, па во иднина во нив можете да ја барате својата инспирација.

1-definirajte-go-lichniot-stil-kafepauza.mk

2. Означувајте

Погледнете ги уште еднаш вашите фотографии кои ве инспирираат, но важно е да гледате во облеката, а не во имињата. Одберете неколку зборови кои ќе го опишат изгледот како женствено, модерно, боемско или класично и запишете ги за понатака кога ќе одите на шопинг.

2-definirajte-go-lichniot-stil-kafepauza.mk

3. Фотографирајте се

Ги знаете тие убави денови кога само што ќе излезете од вратата сигурни сте дека ќе мамите комплименти? Фотографирајте се. Тие комбинации го искажуваат вашиот вистински личен стил и треба да ви служат како инспирација во останатите денови.

3-definirajte-go-lichniot-stil-kafepauza.mk

4. Одберете заштитен знак

Одри Хепберн ги имала своите три-четврт пантолони и балетанки, Џеки О. огромните очила за сонце, а Еди Седвик била препознатлива по нејзините обетки и мини фустанчињата. Сите модерни дами имаат свој заштитен знак кој потоа станува дел од личниот стилски идентитет. Вашиот може да биде едноставен, како накит или леопард палто.

4-definirajte-go-lichniot-stil-kafepauza.mk

5. Нека се повторува

Имате полн плакар со маички на риги? Има причина зошто вашиот плакар е преполн со работи од ист вид. Вие ги купувате овие работи повторно и повторно бидејќи ве усреќуваат и во нив се чувствувате удобно. Сѐ додека парчето изгледа убаво на вас и соодветствува на вашиот сегашен стил нека се повторува. Не е лошо да се потпирате на парче кое целосно ве отсликува.

5-definirajte-go-lichniot-stil-kafepauza.mk

6. Препознајте што не припаѓа во вашиот плакар

Добро погледнете во плакарот и забележете што не се совпаѓа со останатото. Имате боемска блуза во море од кошули? Ваквите видови облека симболизираат стил кој го сакате, но не се чувствувате удобно кога го носите. Освен ако сакате да пробате нешто ново, тогаш размислете да тргнете по такви парчиња облека.

6-definirajte-go-lichniot-stil-kafepauza.mk

7. Истакнете го најдоброто од себеси

Има нешто за што луѓето постојано ви делат комплименти? Без разлика дали се работи за грбот или прекрасната форма на песочен часовник, носете облека која секогаш ќе ги нагласува вашите адути за да изгледате модерно, без разлика на трендовите.

7-definirajte-go-lichniot-stil-kafepauza.mk

8. Внимавајте на сѐ

Најчесто сме загрижени за облеката и додатоците, но вистинскиот стил е пропратен со козметика. Ако не сте задоволни од вашиот целокупен изглед никогаш нема да се чувствувате модерно.

8-definirajte-go-lichniot-stil-kafepauza.mk

9. Останете верни на вашиот сегашен стил

Верувајте им на вашите инстинкти и носете облека во која се чувствувате најубаво. Ако имате поженствен изглед како Лорен Конрад, кога би носеле поексцентрична облека би изгледале неприродно, или ако се пронаоѓате во стилот од Ријана, кога ќе облечете џемперче на закопчување ќе изгледате смешно. Најверојатно веќе знаете какви парчиња сакате па затоа прифатете го вашиот стил и освежете го, но никогаш немојте да се борите против него.

9-definirajte-go-lichniot-stil-kafepauza.mk


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар