Дали знаевте дека листовите од цвекло имаат многубројни лековити својства?

Дали знаевте дека листовите од цвекло имаат многубројни лековити својства?

Дали знаевте дека во листовите од цвекло има повеќе антиоксиданси отколку во другите видови зеленчук? Меѓу другото, тие содржат и киселини кои имаат антиканцерогено дејство, а можат да се пофалат и со здрави омега-3 масни киселини.

Дали знаевте дека листовите од цвекло имаат многубројни лековити својства?

Листовите на овој исклучително здрав зеленчук содржат и беталаин, кој исто така игра важна улога во превенцијата од рак. Содржат и витамини А, Ц и К и минерали железо, цинк, манган, калиум и магнезиум, а содржат и диетални влакна, па се одлични за дигестивниот систем.

Благодарение на изобилството на хранливи материи и антиоксиданси, листовите од цвекло го зајакнуваат имунитетот, го подобруваат менталното здравје, го намалуваат крвниот притисок и ги зајакнуваат коските. Прочитајте за нивните лековити својства во продолжение:

1. Помагаат при лошо варење

Ако имате некакви дигестивни проблеми, листовите од цвекло се совршени за вас! Тие се богати со влакна, па совршено го стимулираат дигестивниот систем. Освен тоа, дејствуваат како пробиотици, ги хранат добрите бактерии во цревата, што поволно влијае не само врз здравјето на дигестивниот систем, туку и врз целокупното здравје.

2. Го подобруваат менталното здравје

Со консумирање на овие листови кои содржат витамин Б6, ќе го подобрите расположението и ќе ги ублажите симптомите на анксиозност или депресија. Тие го спречуваат и оштетувањето на мозочните неврони благодарение на витаминот К, а многубројни истражувања покажале дека токму овој витамин може да го намали ризикот од Алцхајмерова болест.

3. Го намалуваат крвниот притисок и спречуваат срцеви заболувања

Лисјата од цвекло содржат нитрати кои се претвораат во азотен оксид во човечкото тело. Ова соединение делува така што ги шири крвните садови и ја стимулира циркулацијата, со што се постигнува и ефект на намалување на крвниот притисок. На тој начин, тие го подобруваат кардиоваскуларното здравје и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.

4. Ја спречуваат остеопорозата и расипувањето на забите

Калциумот, магнезиумот и витаминот К, особено во комбинација со витаминот Д, се неопходни за здравјето на коските. Листовите од цвекло ги содржат токму овие состојки. Згора на тоа, тие придонесуваат и за заштита на забите.

5. Помагаат во превенција и третман на анемија

Дали знаевте дека листовите од цвекло содржат повеќе железо од спанаќот? Тоа значи дека со нивното консумирање не само што можете да ја спречите туку и да ја излечите анемијата. Витаминот Б6 кој се содржи во листовите од цвекло помага во формирањето на црвените крвни зрнца.

6. Го чистат телото од токсини, а кожата од нечистотии

Благодарение на богатството на витамин Ц, еден од најсилните антиоксиданси кој исто така помага во создавањето на колаген, листовите од цвекло влијаат благотворно врз убавината и здравјето на кожата. Тие го стимулираат и чистењето на црниот дроб од насобраните токсини, што е од суштинско значење за здрава и чиста кожа.

Како можете да ги консумирате?

Секогаш користете свежи и добро сочувани листови цвекло, по можност органски (ако немате цвекло во вашата градина). Најдобро е да се јадат сирови, но можете да ги приготвувате и на пареа. Сепак, не гответе ги долго, бидејќи во тој случај ги уништувате повеќето од нивните хранливи материи. Можете да ги измиете и исечете и да ги додадете во смуди, салати и песто.

Откако прочитавте за лековитите својства на листовите од цвекло, можеби ќе сакате да прочитате и зошто е важно антиоксидансите да бидат дел од вашата секојдневна исхрана.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар