Дали знаевте дека дињата е синоним за долговечноста?

Дали знаевте дека дињата е синоним за долговечноста?

Секое овошје има свои здравствени придобивки, но дали некогаш сте размислувале кое од нив е најздравото? Можеби првото овошје што ќе ви падне на ум во овој случај е портокалот или друго овошје богато со витамин Ц. Сепак, според најновите истражувања, друго овошје е синоним за долговечноста.

Дали знаевте дека дињата е синоним за долговечноста?

Иако можеби дињата и не е најпопуларниот избор кога станува збор за овошје, сепак според голем број нутриционисти таа е најхранливото нешто што можете да го добиете. Тоа се должи на нејзиниот пигмент кој ѝ ја дава портокаловата боја и кој е богат со антиоксиданси.

Пигментот, пак, настанува како резултат на присуството на каротеноидот бета-каротин кој телото го претвора во витамин А. Витаминот А, од друга страна, има долга листа на здравствени придобивки почнувајќи од здравјето на очите, кожата, репродуктивното здравје и целокупниот имунитет. Освен тоа, дињата е богата со влакна, што значи дека е корисна за регулирање на шеќерот во крвта.

Меѓу другото, дињата е богата со витамин Ц кој телото не може да го произведе. Затоа експертите препорачуваат секојдневно да го консумирате ова овошје. Вреди да се спомене и дека дињата е одлична за хидратација на организмот – се состои од вода (околу 90%) и многу електролити, а правилната хидратација е клучот за долговечноста.

Откако прочитавте за здравствените придобивки од дињата, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за освежувачки коктел со диња и босилек.

Извор: mindbodygreen.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар