Дали вашата душа е уморна?

Сите имаме моменти во животот кога се чувствуваме несигурно и тажно и имаме голем недостиг на желба и инспирација. Исто така, понекогаш ни е потребен одмор од сè, и физички и ментален. Но, ако чувството не престанува, тогаш можеби самата душа праќа сигнал дека е уморна.

Дали вашата душа е уморна?

Во вакви ситуации нема да помогне долгото спиење и избегнувањето на физичките активности во одреден период. Секојдневно ќе се будите со чувство дека воопшто немате енергија. Тоа е знак дека животот кој го живеете не е во согласност со вашата цел.

Луѓето обично го препознаваат душевниот умор според симптомите, но се верува дека постои и поврзаност меѓу него и електрицитетот кој се создава по триење на дланките околу 30 секунди. Кога ќе почувствувате дека се создава топлина и енергија, почнете да ги одделувате дланките. Доколку не постои енергија која ја чувствувате при одделувањето или пак исчезнува во моментот кога дланките се оддалечуваат една од друга, тоа е јасен знак дека вашата сила веќе е истрошена.

Дали вашата душа е уморна?

Душата може да стане уморна поради следниве причини:

  • Не сте искрени кон себе
  • Велите „да“ дури и кога мислите на „не“
  • Правите нешто што не е во согласност со вашата цел
  • Учествувате во озборувања и кавги
  • Се дружите со негативни луѓе
  • Зборувате лошо за себе
  • Заглавени сте во минатото
  • Опкружени сте со хаос
  • Имате чувство на помала вредност
  • Не се сакате доволно

Сите овие причини се рефлектираат на душата и предизвикуваат оддалечување од вистинските животни цели.

Вашата душа знае кога е време за промени

Кога душата е уморна, се појавуваат симптоми како што се депресија, недостаток на мотивација, губење на интуицијата и опсесивно однесување. Тоа е прв знак дека мора да се направат промени, но пред сè, потребно е да се открие вистинскиот извор на проблемите.

Затоа е потребно да најдете начин кој ви одговара и за кој верувате дека ќе ви помогне да го вратите балансот на вашиот дух. Медитирајте, направете нешто што ве прави среќни, размислувајте позитивно, практикувајте љубов кон себе, но можете и да ја прочистите аурата и да ја обновите енергијата со помош на кристалотерапија.

Уморната душа може значајно да го намали квалитетот на животот, но добрата вест е што кога ќе се посветиме на нејзиното закрепнување, таа многу брзо ќе се регенерира и ќе ни се врати помоќна од претходно.

Погледнете ги и овие 7 знаци дека вашата душа е уморна и сака да комуницира со вас…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

  1. Боре Видевски Reply

    Одлично,многу точно 😊

Остави коментар