8 трикови што сите мажи треба да ги знаат за да ја направат својата девојка среќна

8 трикови што сите мажи треба да ги знаат за да ја направат својата девојка среќна

Речиси сите момци се сложуваат дека не е лесна работа да ја усреќите вашата девојка. Но, не се сите девојки исти. На повеќето срцето им се топи побрзо од сладолед, а сè што треба да направите е да вложите малку труд. Па, погледнете како да ја усреќите вашата девојка.

8 трикови што сите мажи треба да ги знаат за да ја направат својата девојка среќна

1. Однесете ја некаде и само бидете со неа

Девојките секогаш сакаат да поминуваат време со саканиот. Без разлика колку ѝ е лошо, кога вие сте со неа нема да ѝ треба ништо друго. Исто така, искористете ја секоја можност да ја обожувате.

2. Разбудете го детето во вас

Штом ќе забележите дека не е расположена, предложете ѝ да играте некоја игра. Се разбира уште веднаш ќе бидете одбиени, но не се откажувајте. За кратко нејзиното расположение драстично ќе се промени.

3. Изненадувања

Можеби мислите дека девојките сакаат само скапи подароци, но вистината е поразлична. Доволен е еден цвет кој ќе ѝ покаже дека сте помислиле на неа. Не заборавајте да напишете и некоја романтична порака.

4. Природа

Ако во близина има некое место, однесете ја и покажете ѝ ја убавината на природата. Не заборавајте да ја потсетите колку многу ви значи.

5. Шопинг и девојки

Речиси и да не постои девојка која не ужива во шопинг. Прашајте ја кога било, дури и во најлошото расположение, и таа секогаш ќе се согласи.

6. Борба со перници

Уште еднаш разбудете го детето во вас и започнете борба со перници.

7. Готвење

За да ја изненадите, одете во кујната и подгответе ѝ го омиленото јадење. Не грижете се за вкусот, самиот труд многу ќе ја усреќи. Правете го ова што почесто.

8. Прегрнете ја и бакнете ја

Секој допир може навистина да си поигра со емоциите на луѓето. Прегратката или бакнежот сигурно уште веднаш ќе ѝ го подобрат расположението.

Погледнете и кои се основните работи во врската кои секој маж треба да ги знае.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар