Дали ТОЈ е вашиот иден сопруг или пак е само губење време?

Дали ТОЈ е вашиот иден сопруг или пак е само губење време?

Се гледате со некој и нормално, сакате да знаете дали тој е вистинскиот за вас или пак е уште една грешка која ќе ве чини месеци, па и години од вашиот живот. Ова се 18 разлики помеѓу вистинскиот и оној кој само ви го губи времето.

dali-toj-e-vashiot-iden-soprug-ili-pak-e-samo-gubenje-vreme-kafepauza.mk

1. Вашиот иден сопруг ве прави подобра личност.

Оној кој само ви го губи времето ја буди лудата кучка во вас.

2. Вашиот иден сопруг ги цени вашето партнерство и меѓусебната посветеност.

Оној кој само ви го губи времето сака само да се забавува со вас.

3. Вашиот иден сопруг го гледа вашиот успех, како негов успех.

Оној кој само ви го губи времето има потреба да ве спушта надолу.

4. Вашиот иден сопруг мисли дека сте најубавата жена во светот.

Оној кој само ви го губи времето погледнува во секоја девојка, секојпат кога има можност.

5. Вашиот иден сопруг прави да се чувствувате сигурно.

Оној кој само ви го губи времето ќе ве тера да сакате да го проверувате неговиот телефон.

6. На вашиот иден сопруг приоритет му е вашата среќа.

На оној кој само ви го губи времето приоритет му е неговата лична среќа.

7. Вашиот иден сопруг ужива да ве слуша додека зборувате.

Оној кој само ви го губи времето сака да замолчите.

8. Вашиот иден сопруг однапред прави планови со вас.

Оној кој само ви го губи времето се појавува одненадеж без претходно да се најави.

9. Вашиот иден сопруг создава чувство дека односите во врската напредуваат.

На оној кој само ви го губи времето му е ОК работите да останат такви какви што се.

10. Вашиот иден сопруг јасно ви става до знаење дека тој е заљубен во вас.

Оној кој само ви го губи времето ве остава постојано да се прашувате.

11. Вашиот иден сопруг секогаш ве освојува повторно и повторно.

Оној кој само ви го губи времето ве тера секогаш вие да се обидувате да го задржите.

12. Вашиот иден сопруг постојано ве контактира.

Оној кој само ви го губи времето го нема со денови.

13. Вашиот иден сопруг ви пишува пораки чисто да провери што правите и дали сте добро.

Оној кој само ви го губи времето ви пишува пораки само кога му треба нешто.

14. Вашиот иден сопруг ве прашува за вас и вашиот живот.

Оној кој само ви го губи времето не го интересира ништо за вас.

15. Вашиот иден сопруг изгледа одлично и во реалниот свет.

Оној кој само ви го губи времето изгледа добро само „на хартија“.

16. На вашиот иден сопруг секогаш сте му приоритет.

На оној кој само ви го губи времето вие секогаш сте му план Б.

17. Вашиот иден сопруг прави и најмали работи за вас чисто онака.

Оној кој само ви го губи времето не прави.

18. Вашиот иден сопруг сака да ве покаже на пријателите и фамилијата.

Оној кој само ви го губи времето ве држи во тајност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар