Дали и вие верувате во нив? 18 митови за нега кои се целосно неточни

Дали и вие верувате во нив? 18 митови за нега кои се целосно неточни

Митовите кои се поврзани со убавината и негата честопати се полни со грешки кои ние секојдневно ги правиме. Ги има навистина многу и во главно се поврзани за она што сме го слушнале од непроверени извори, од она што се пренесува уста на уста, а никој не знае навистина дали е тоа така. Затоа со вас споделуваме 18 најчести митови и секако, вистината која мора да ја знаете.

1-dali-veruvate-vo-niv-18-mitovi-za-nega-koi-se-potpolno-netochni-www.kafepauza.mk_

1. Бричењето прави вашите влакна да станат појаки и потемни

Ова навистина не е точно. Тие кога растат како под тап брич делуваат потемно, бидејќи нивниот крај не е зашилен, но многу далеку од тоа дека нивната боја е променета. Ова би значело дека доколку избричиме некој дел од нашата косата, потоа таму ќе израсне поразлична коса, односно со поразлична текстура и боја, а знаете и самите дека тоа е невозможно.

2. Белите флеки на ноктите значат дека би требало да пиете повеќе млеко

Белите флеки на ноктите немаат врска со недостатокот на калциум, туку со удирањето или оштетувањето од лакот за нокти.

3. Доколку редовно ја пострижувате косата, таа ќе расте побрзо

Омилената реченица на нашите мајки, за жал не е точна. Но секако, редовно би требало да ги кратите краевите за тие да не изгледаат грдо и испукано.

4. Сите природни состојки се одлични за кожата

Природните состојки се навистина одлични, но не значи дека ќе ѝ одговараат на вашата кожа и дека нема да предизвикаат некоја несакана реакција. Доколку самите правите некој производ, најпрво испробајте го на вашата рака за да се уверите како ќе реагира вашата кожа.

3-dali-veruvate-vo-niv-18-mitovi-za-nega-koi-se-potpolno-netochni-www.kafepauza.mk_

5. Пастата за заби ќе го исуши мозолчето

Пастата за заби во себе честопати содржи состојки кои ги избелуваат забите и кои никако не се погодни за нежната кожа на лицето.

6. Памучната блуза е подобра од пешкирот за сушење на косата

За жал, најчесто не е. Пешкирите од микрофибер се многу подобра опција.

7. Доколку искубете едно седо влакно, на негово место ќе израснат уште пет нови

Единствено нешто што може да се случи е на тоа место повторно да излезе седо влакно, но повеќе седи влакна, со сигурност нема.

4-dali-veruvate-vo-niv-18-mitovi-za-nega-koi-se-potpolno-netochni-www.kafepauza.mk_

8. Сувите и испукани краеви можат да се оправат

Не можат никако. Со помош на разни масла и пакувања тие можат да изгледаат малку поубаво, но единственото и вистинското решение за нив е скратувањето.

9. Плакнењето на косата неколкупати доведува до нејзино сушење

Едно е да не ја миете косата секојдневно или секој втор ден, но додека ја миете би требало што подобро да ја исплакнете за подоцна, при фенирањето таа да изгледа поубаво.

10. Протеините и мастите ќе ви додадат килограми

Соодветните протеини и здравите масти во производите не само што не додаваат килограми, туку можат и да ги намалат, а исто така, добро влијаат и на вашето здравје.

11. Секојдневниот пилинг е добар за кожата

Доколку секојдневно правите пилинг, без разлика дали на лицето или телото, природните масла ќе се отстранат, а вашата кожа ќе стане сува и иритирана. Ограничете се на три пати неделно.

12. Течната пудра не ѝ дозволува на кожата да дише

Квалитетната течна пудра, посебно онаа која има заштитен фактор од сонцето е одлична заштита за лицето, особено од нечистотијата. Многу е поважно навечер темелно да ја отстраните.

5-dali-veruvate-vo-niv-18-mitovi-za-nega-koi-se-potpolno-netochni-www.kafepauza.mk_

13. Можете да се ослободите од целулитот

Со вежби, соодветна исхрана и пилинг, па дури и масажи, целулитот навистина може да се намали, но потполно да исчезне е невозможно.

14. Гелот за хемороиди ги отстранува подочниците

Иако овој гел моментално може да го реши тој проблем, доколку го користите секојдневно неговите состојки можат да го уништат пределот околу очите и да направат да имате уште поголеми подочници.

15. Претераното чистење на кожата е добро

Кожата на лицето навистина треба да биде темелно исчистена, но доколку секојдневно користите премногу препарати, лосиони, тоници, маски и пилинзи наскоро нема да ви се допадне она што ќе го видите во огледалото.

6-dali-veruvate-vo-niv-18-mitovi-za-nega-koi-se-potpolno-netochni-www.kafepauza.mk_

16. Можно е да ги отстраните баш сите митесери

Доколку после третманот за отстранување на митесерите ви остане по некоја црна точка, навистина нема потреба да ја малтретирате кожата на сила и со тоа дополнително да ја уништите.

17. Пилингот е сјаен за мозолчињата

Не само што така ќе направите полоша работа на вашето лице, бидејќи ќе ги иритирате мозолчињата, туку и потенцијално ќе пренесете бактерии на деловите на лицето каде што ги немало. Направете благ пилинг, најмногу два пати неделно.

18. Порите се отвораат и затвораат

Иако на допир со топлина порите изгледаат пошироко, а во допир со ладно се собираат, тие всушност не се отвораат и затвораат. Единствено нешто што можете да направите со порите е визуелно да ги намалите со помош на разни бази за шминкање.

Не верувајте секогаш во она што ќе го прочитате или слушнете, а да не ги проверите добро тие информации, бидејќи има разни митови кои постојано кружат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар