Дали е подобро да пиете ладен или топол чај?

Покрај обичната вода, чајот е најпопуларниот здрав пијалок што можете да го пиете. Но, освен што е здрав и вкусен, чајот има голема предност и поради својата разновидност.

Дали е подобро да пиете ладен или топол чај?

Многу луѓе пијат чај не само затоа што е здрав, туку и затоа што има голем избор на вкусови. Без разлика дали ќе изберете зелен, црн, бел или чај од куркума, ѓумбир, камилица, коприва, босилек или некој друг, сигурно знаете дека има многу лековити својства. Секој чај има различни придобивки за човечкото тело, но многу луѓе не знаат дека температурата и начинот на кој се прави чајот влијаат на неговата ефикасност.

Дали е поздрав ладниот или топлиот чај?

Сите луѓе претпочитаат различна температура за својот топол пијалaк. Некои пијат кафе и чај додека се уште жешки, некои ги пијат топли, а некои млаки. Традиционалниот начин на подготовка на чајот е натопување на исушените билки во вода на температура од 65 до 90 °С, па и повеќе. Но, методот на натопување на билките во ладна вода се покажа дека има долгорочни здравствени придобивки. Според студијата од 2015 година објавена во медицинското списание „Food Science and Technology“, ладната вода ги зголемува здравствените придобивки на чајот, особено неговото антиоксидативно дејство.

Но, проблемот со правењето чај со ладна вода е што исушените билки во таква вода мора да стојат неколку часа. Обидувајќи се да најдат решение за ова, истражувачите откриле дека ако сакате да ги искористите сите придобивки од ладниот чај, а не сакате да чекате неколку часа за да го испиете, можете накратко да ги натопите билките во топла вода и да додадете мраз во неа.

Прочитајте кои се здравствените придобивки од карфиолот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар