Дали долгите прошетки помагаат при намалувањето на килограмите?

Дали долгите прошетки помагаат при намалувањето на килограмите?

Иако на почетокот на годината си дадовме цврсто ветување дека ова ќе биде година на нашата најдобра форма, мотивацијата секој ден станува сè помала и помала. Недостаток на физичка активност и уживање во нездрава храна, придонесоа за прилично голем број на вагите, па затоа е вистинско време да се справиме со вишокот килограми!

Дали долгите прошетки помагаат при намалувањето на килограмите?

Покрај правилната исхрана, не можеме да зборуваме и за слабеење без да ја спомнеме физичката активност. Неодамна, спортските сали конечно станаа достапни за нас, но тоа не значи дека тренингот со големи тежини и уредите за кои не сме сигурни како тие функционираат е единствениот начин да го воспоставиме нашето тело во форма. Она што е важно е да најдеме активност што нема да биде премногу напорна за нас и да создаде незадоволство кај нас бидејќи таков модел на вежбање не е одржлив на долг рок, а посакуваните резултати бараат дисциплина и упорност. Затоа пешачењето за многумина е омилен избор на активност, а освен што помага во слабеењето, има и релаксирачки ефект и поминувањето време на свеж воздух го подобрува нашето расположение!

Прашањето што често се поставува кога станува збор за пешачењето, е колку време треба да се пешачо, и да се видат какви било резултати? Како и со секоја физичка активност, важно е да се земе предвид дефицитот на калории, односно поголемата потрошувачка на калории во однос на внесувањето, што на крајот резултира со губење на масни наслаги. Исто така, пешачењето подолго од 30 минути спаѓа во категоријата аеробни тренинзи, што всушност е одлична замена за вежби кои можеби не ви одговараат. При пешачење, најважно е да го одржувате темпото за да постигнете видливи резултати и не заборавајте да ги вклучите и рацете, што ќе согорат малку повеќе маснотии. Во просек, препорачливо е да вежбате 30 минути брзо пешачење, а сигурни сме дека секогаш можете да одвоите толку време за вашето здравје!

Прочитајте и зошто утринскиот тренинг е најдоброто нешто што можете да го направите за вашето тело?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар