Дали би носеле ноќница како фустан? Ни доаѓа нов моден тренд!

Ако ѝ вие се будите со помислата „немам што да облечам“, додека наутро гледате во полниот гардеробер, тогаш имаме добри вести за вас – можете слободно да излезете со вашата ноќница! Судејќи по некои настани на црвениот тепих по повод доделувањето на престижни награди, во модниот свет се враќа трендот на носење тенки, свилени фустани до под или пократки. Станува збор за софистицирани и женствени дневни парчиња кои повеќе наликуваат на колекција од префинети произведувачи на женска долна облека, отколку на фустани.

1-dali-bi-ponele-nokjnica-kako-fustan-ni-doagja-nov-moden-trend-www.kafepauza.mk_

Свилените фустани во нежна, пудра боја до подот, кои се лизгаат по облините се сè почест призор на црвениот тепих, но и во уличните, модни комбинации. Иако овој тип фустани од тенок материјал ги поврзуваме со сензуалните и женствени ноќници, многу дами не се плашат да излезат надвор од модните рамки и да облечат ваков модел на фустан надвор од домот.

2-dali-bi-ponele-nokjnica-kako-fustan-ni-doagja-nov-moden-trend-www.kafepauza.mk_ 3-dali-bi-ponele-nokjnica-kako-fustan-ni-doagja-nov-moden-trend-www.kafepauza.mk_

Чувствителниот и тенок материјал на овој модел не трпи изразена долна облека, а под светлото на рефлекторот ни најмала телесна несовршеност. Не е чудно што станува збор за моден тренд за кој се одлучуваат само најхрабрите холивудски диви, бидејќи тука лесно може да се замине во друга крајност.

4-dali-bi-ponele-nokjnica-kako-fustan-ni-doagja-nov-moden-trend-www.kafepauza.mk_

Меѓутоа, кога станува збор за секојдневното носење на овој модел на фустани, постојат други правила на врвот на листата. Во последно време се креираат ноќници-фустани од помалку чувствителен материјал, па наместо тенка свила, се користи сатен со врховен квалитет. Па така, овој вид текстил ви дозволува и долна облека и облини, бидејќи моделите се пошироки и не ја следат баш секоја линија на вашето тело.

5-dali-bi-ponele-nokjnica-kako-fustan-ni-doagja-nov-moden-trend-www.kafepauza.mk_

Фустаните кои потсетуваат на ноќници се моментално главен тренд секаде во светот, а можеме да кажеме дека ќе започнат и кај нас. Она што е најважно е каков впечаток ќе оставите – дали како девојка која само што станала од кревет или како шик девојка која свесно го понела овој тренд, а тоа зависи од начинот на кој сте го комбинирале овој фустан. За да не го оставите првиот впечаток на „заспана убавица“, потрудете се да додадете што повеќе складни детали кои на овој тренд му даваат сосема нова димензија.

6-dali-bi-ponele-nokjnica-kako-fustan-ni-doagja-nov-moden-trend-www.kafepauza.mk_

За почеток, погледнете што се наоѓа во вашиот гардеробер што би можело да се комбинира со фустанот. Дали тоа се јаки, сако, кардигани… Сè она што добро би ви дошло за да ги прекриете рамената и тенките, предизвикувачки рамки, кои лесно може да се слизнат од нив. За да ги избегнете ваквите ситуации, секогаш при рака имајте нешто кое ќе можете да го префрлите преку рамената, па дури и во лето, по најголемите горештини. Ова особено важи за дневните варијанти, додека за вечерните можете малку да се опуштите.

7-dali-bi-ponele-nokjnica-kako-fustan-ni-doagja-nov-moden-trend-www.kafepauza.mk_

Кардиган исплетен од лесен конец или пак дебел џемпер, иако ви се чини дека е во потполна спротивност со овој нежен, свилен материјал, всушност е одличен избор за да постигнете примамлив контраст. Ефективните кожни јакни, исто така се идеален спој со нежна ноќница-фустан, но и кошули и џемпери врзани околу струкот даваат доза несекојдневност на целиот аутфит.

8-dali-bi-ponele-nokjnica-kako-fustan-ni-doagja-nov-moden-trend-www.kafepauza.mk_

9-dali-bi-ponele-nokjnica-kako-fustan-ni-doagja-nov-moden-trend-www.kafepauza.mk_

Овие фустани најчесто се украсени со чипка, што им дава посебен ефект и сензуалност. Ако сакате да ставите и некој накит, тогаш одлучете се за нешто складно и елегантно, а од обувки е дозволено сè. За секојдневни обврски можете да облечете патики, кратки чизми или папучи, а за вечерни излегувања одлучете се за ефективни чевли со висока потпетица.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар