Црвена диета: Јадете вкусни оброци со домати и ослабете 3 кг за 5 дена

Оброците со домати го чистат организмот од токсини и го топат вишокот килограми. За 5 дена можете да ослабете 3 килограми, а организмот ќе ви се исчисти и ќе се ослободи од отровите.

0-crvena-dieta-jadete-vkusni-obroci-so-domati-i-oslabete-3-kg-za-5-dena-kafepauza.mk

Доматот е совршен плод за диети бидејќи е нискокалоричен (во 100 грама има само 18 калории), а е вистинска ризница на витамините А и Ц, калиум, ликопен, и е најмоќен антиоксиданс кој го смалува ризикот од малигни болести.

Диетата трае 5 дена, но можете да ја повторите после 2 дена пауза.

Во текот на диетата заборавете на слатки, бел леб и мрсни сирења, а јадете пилешко, риба, овошје, зеленчук и интегрални житарки. Од масла смеете да користите само маслиново, а од зачини сол, бибер и ароматични билки.

Секое утро, веднаш штом се разбудите, напијте се чаша млака вода. Јадете најмалку 4 пати на ден. Појадокот и ужината можат да бидат со домати или без, но за ручек и за вечера мора да јадете од овој црвен зеленчук.

1-crvena-dieta-jadete-vkusni-obroci-so-domati-i-oslabete-3-kg-za-5-dena-kafepauza.mk

Предлози за оброци со домати:

Домати со младо сирење: Измешајте 300 грама сечкани домати, 200 грама младо сирење, прелијте ги со лажичка ладно процедено маслиново масло и зачинете со босилок. Со салатата изедете 30 грама интегрален леб.

Тестенини со доматен сос

Исечкајте два моркови и крчкајте ги малку на маслиново масло. Додајте 50 мл пилешка супа и крчкајте уште 5 минути. Додајте 450 грама сечкани домати, посолете, забиберете и зачинете со пола лажичка мед, па крчкајте уште 15 минути. Сварете 100 грама тестенини и прелијте ги со подготвениот сос.

Грчка салата

Исечкајте главица кромид, два домати и една поголема краставица. Прелијте со маслиново масло и зачинете по вкус. Со салатата изедете 30 грама интегрален леб.

Ладно гаспачо

Исечкајте 300 грама домати, една пиперка и една поголема краставица. Ставете ги во блендер и додадете 1 лажица маслиново масло, 2 чешниња лук и 2 парчиња печени тост-лепчиња. Блендајте додека не добиете крем-супа. Посолете, забиберете и оставете да се олади.

Полнети домати со ориз

Издлабете 3 домати и ставете ги во огноотпорен сад. Настрана помешајте 100 грама младо сирење и 125 грама полуварен ориз, малку босилек, домати исечкани на коцкички и лук, па со смесата наполнете ги доматите. Печете 25 минути на 200 степени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар