„Чоколадна кростата“ – италијански класичен десерт кој ќе ве воодушеви со вкусот

Ова е еден од класичните десерти на италијанската кујна, а начинот на подготовка е навистина едноставен. Подгответе го крцкавото тесто, додајте го филот од чоколадо и бадеми и ставете го десертот во рерна. Додека чекате тестото да се испече, изматете слатка павлака која ќе биде одличен контраст на чоколадното полнење и наросете со бадеми.

Чоколадна костата - италијански класичен десерт кој ќе ве воодушеви со вкусот

Полесно не може да биде, а еве ги и точните мери и начинот на подготовка на овој десерт:

За тестото:

  • 400 г брашно
  • 3 јајца
  • 150 г шеќер
  • 150 г путер

За филот:

  • 200 г чоколадо со 70% какао
  • 100 г млеко
  • 100 г шеќер
  • 30 г бадеми

Начин на подготовка:

  1. Ставете го брашното на работната површина и направете дупка во средина.
  2. Истурете ги разматените јајца, додајте го шеќерот и сè добро промешајте.
  3. Додајте ладен путер сечкан на коцки.
  4. Месете го тестото од 3 до 5 минути. Работете брзо за путерот да не се растопи зашто тестото треба да остане кревко.
  5. Завиткајте го во фолија и замрзнете го ( околу 30 мин.)
  6. Поделете го тестото на пола.
  7. Расукајте го тестото во форма на круг.
  8. Ставете го тестото во подмачкан плех за печење.
  9. Растопете го чоколадото и додадете го млекото, шеќерот и сечканите бадеми.
  10. Малку изладете го филот и истурете го врз тестото. Претходно, тестото издупчете го со вилушка на неколку места.
  11. Расукајте го остатокот од тестото, исечете ги на ленти и прекријте ја питата со лентите.
  12. Печете го десертот на 180 °С од 40 до 45 минути, па изладете го и сервирајте го во комбинација со изматена слатка павлака.

Добар апетит!

Можеби сакате да го дознаете и рецептот за тортата „Арапска бајка“: совршен кремаст десерт.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар