Будењето рано значи дека вашиот стрес достигнал критична точка

Критичната точка на стресот и несоницата се тесно поврзани меѓу себе. Според распоредот на спиење, луѓето можат да се поделат во две групи – ноќни птици и ранобудници. Ранобудните го започнуваат нивниот ден уште в зори, додека ноќните птици си легнуваат во тој период.

Будењето рано значи дека вашиот стрес достигнал критична точка

Но, понекогаш, менталната состојба на личноста може да ја натера да се разбуди рано, дури и ако не сака. Доколку ова ви се случува и вам, можеби би требало добро да ја разгледате вашата ситуација со цел да ја разберете причината.

Се чувствувате немирно рано наутро

Доколку сте се разбудиле рано наутро и веднаш сте се чувствувале будно и анксиозно, можеби вашиот стрес ја достигнал критичната точка. Критичната точка може да ви претставува вистински напор и не можете да се ослободите од овој притисок. Ова непријатно чувство трае во текот на целиот ден. Вашите емоции, тело и мозок се истрошени и ја губат секоја одбрана против емоционалниот стрес.

Секојдневните активности предизвикуваат и пријатни и непријатни чувства. Напорниот ден на работа, расправата со колегата, недоразбирањето со партнерот или претстојниот испит лесно можат да ја активираат вашата анксиозност. Постојаниот доток на мисли не му дозволува на вашиот ум да се смири, дури и кога спиете. На почетокот можно е да не заспивате длабоко или да имате постојани кошмари. Со текот на времето, ова се акумулира.

На крајот, вашиот ум се предава, вие губите контрола и се будите порано од вообичаеното. Ова може да ви изгледа како експлозија од мисли и чувства, а е всушност обид на мозокот да се справи со целиот притисок.

Неконтролираниот стрес создава утринска анксиозност и изнендувачки, ова е навистина често. Тој предизвикува многу непријатни чувства и ве присилува да го започнете денот лошо. Луѓето кои страдаат од утринска анксиозност постојано се чувствуваат немирно. Најчесто ова е придружено со симптоми како раздразливост, недостаток од концентрација, па дури и панични напади.

Стресот што го предизвикува анксиозноста е штетен за вашето тело. Тој го зголемува ризикот од состојби како дебелина, проблеми со срцето, дијабетес, проблеми со дигестивниот систем, астма и многу други.

Време е да размислите за вашиот животен стил

Кога телото е изложено на многу стрес, тоа почнува да лачи адреналин и кортизол кои имаат негативно влијание врз меморијата и продуктивноста. Високото ниво на кортизол предизвикува нерамнотежа на шеќерот во крвта, го намалува мускулното ткиво, го ослабува имунитетот и го зголемува количеството на масни наслаги на стомакот. Истражувањата покажале дека луѓето кои се изложени на многу стрес, имаат највисока концентрација на кортизол во првиот час после будењето. Ова само ја влошува утринската анксиозност.

Друг ризик од лошото спиење е забавениот метаболизам кој предизвикува замор. За да го намалите нивото на кортизол во телото, постојат неколку методи што ќе ви помогнат.

Релаксирачка купка

Покажете си малку љубов пред да одите на спиење и направете си купка или истуширајте се со топла вода. Топлата вода ги релаксира мускулите, ја намалува напнатоста во телото и ја намалува анксиозноста. Можете да пробате и ладен туш бидејќи ги стимулира „антидепресивните“ хормони и го поттикнува лачењето на ендорфини.

Читајте

Понекогаш и едноставните нешта како читањето можат да ви ја намалат анксиозноста и да ве охрабрат. Овој феномен е познат како библиотерапија, или терапија со книги. Интересните приказни имаат смирувачки ефект, па би било добро да го вметнете читањето во вашата ноќна рутина.

Почнете со вежбање

Вежбањето не само што ви ја подобрува физичката состојба, туку го одржува и менталното здравје. Спортувањето го зголемува вниманието, концентрацијата и когнитивната функција и го намалува заморот. Докажано е дека вежбањето го поттикнува лачењето на хормоните како што се ендорфините.

Избегнувајте го телефонот навечер

Смартфоните, таблетите и сите електронски направи со екран емитуваат сина светлина која предизвикува проблеми со спиењето. Па, најдобро е да ги исклучите овие направи навечер и да му овозможите одмор на вашето тело.

Пијте вода

Пиењето вода може да ви помогне да се справите со стресот. Веднаш штом телото е дехидрирано, тоа дава сигнал преку стрес. Можете да го спречите ова така што ќе пиете доволно вода во текот на денот. Истовремено, водата ќе го исчисти целиот ваш систем.

Медитирајте

Правилното релаксирање го смирува умот и го намалува нивото на кортизол. Длабокото дишење и релаксирањето на мускулите ќе ви помогнат во ова. Најдоброто е што за медитација не ви е потребна никаква опрема и можете да ја изведувате секаде.

Земајте витамини

Витамините и минералите како магнезиум и витамини Б и Ц, како и некои видови храна и билки, како кантарион, овес и камилица, помагаат во намалувањето на стресот. Сепак, важно е да се консултирате со лекар пред да почнете да земате какви било додатоци во исхраната. Дел од овие хранливи материи можете да ги најдете во овошјето и зеленчукот:

  • Магнезиум: Авокадо и јаткасти плодови
  • Хром: Брокула, компири, јаболка, банани и грозје
  • Витамин Б: Брокула и спанаќ
  • Витамин Ц: Портокали и мандарини

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте изложени на преголем стрес.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар