Брзи чоколадни топчиња со кокос

Започнете ја работната недела со прекрасниот вкус на комбинацијата од чоколадо и кокос.

Потребни состојки:

  • 130 г кокос
  • 3 мали лажички кокосово масло
  • 3 мали лажички мед или јаворов сируп
  • 2 мали лажички незасладено кокосово млеко
  • ½ мала лажичка екстракт од ванила
  • 1 прстофат сол
  • 100 г темно чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Изматете 75 грама од кокосот заедно со кокосовото масло, додека смесата не стане како путер.
  2. Додајте го медот, кокосовото млеко, екстрактот од ванила и солта и добро промешајте додека не се поврзат.
  3. Растопете го чоколадото на пареа и додадете го во останатите состојки.
  4. Додадете го остатокот од кокосот и замесете ја смесата како тесто.
  5. Обликувајте топчиња, увалкајте ги во кокос и оставете ги во фрижидер на 1 час.

Можеби сакате да подготвите уште некој брз рецепт. Ви ги предлагаме трите супер брзи и едноставни рецепти со пуканки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар