Боите во домот го менуваат вашето расположение #2

Боите во домот го менуваат вашето расположение #2

Боите на чудесен начин комуницираат со нашите чувства. Тие инспирираат, стимулираат, ублажуваат и внесуваат живот во вашиот дом. Експертите велат дека луѓето не ги гледаат боите, туку ги „чувствуваат“. Со изборот на соодветна боја за вашата соба можете да ги балансирате чувствата, да ги намалите вашите стравови и да го „загреете“ вашиот љубовен живот.

Доколку ви се допаѓаат топли бои…

Сончевите нијанси на црвена, жолта и портокалова боја се топли, нежни и весели. Создаваат позитивни чувства и креираат фамилијарна атмосфера. Топлите бои прават малите соби да изгледаат уште помали, а големите соби поудобни и попријатни.

Црвената боја го стимулира телото и умот, што значи дека не е препорачлива за соба во која се одморате. Во комбинација со неутрални бои, таа е одличен избор за вашата трпезарија, бидејќи го зголемува апетитот, енергијата и возбудата. Моќта на црвената боја ќе направи вашите гости да уживаат во храната и пријатна атмосфера, а доброто расположение во друштвото ќе можете да го пренесете во дневната соба, каде што ќе го проследите фудбалскиот натпревар или некој добар филм.Боите во домот го менуваат вашето расположение #2Доколку сакате да оставите впечаток на љубезна и дружељубива личност и сакате вашите роднини и пријатели да се чувствуваат добредојдени во вашиот дом, со портокалова дневна соба – го постигнувате ефектот. Портокаловата е боја на конкуренција, енергија, активност и баланс, така што нежна нијанса од истата е идеална избор и за вашата канцеларија.
Боите во домот го менуваат вашето расположение #2Жолтата боја пак му дава ведрина, живост и чистота на просторот. Поради свежината која ја носи во себе, жолтата боја е пријатна за во ходниците, каде што ќе ви го поткрева расположението секогаш кога ќе си дојдете дома. Таа боја е и фин избор за спална соба.
Боите во домот го менуваат вашето расположение #2


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар