Блогерките поставија нов зимски тренд: Овој пат тоа се креативни нокти!

Кога станува збор за бојата на ноктите за оваа зима, бјути блогерките прогнозираа студени тонови, но изгледа исто така предвидоа и дека трендовите излегуваат отсекаде и дека е многу тешко сите да ги пласираат. Па така, еден од овие неочекувани зимски трендови е уникатен начин на лакирање, односно таканаречените „холографски“ нокти.

1-blogerkite-postavija-nov-zimski-trend-ovoj-pat-toa-se-kreativni-nokti-www.kafepauza.mk_

Сето ова започна со металик маникир, кој Џиџи Хадид го понесе на Мет Галата оваа година… Таа ги воодушеви сите присутни, а Инстаграм едноставно „гореше“, бидејќи девојките ширум светот посакаа на своите нокти да понесат нешто слично како неа. Во тој момент се појави овој нов тренд, познат како холографско лакирање на ноктите.

Блогерките станаа опседнати со овој тренд и на своите Инстаграм профили објаснуваат на кој начин е најлесно да дојдете до овој вид на нокти.

2-blogerkite-postavija-nov-zimski-trend-ovoj-pat-toa-se-kreativni-nokti-www.kafepauza.mk_

Нијансите кои излегоа на видеата се розови и златни, а блогерките сметаат дека за оваа сезона тие лесно ќе се вклопат со сите модни детали кои нè очекуваат. Доколку сте вешти и ги имате соодветните лакови, обидете се самите да го направите и да го поставите новиот тренд во вашето друштво. Во видеото кое следува се наоѓаат точните чекори со чија помош ќе можете да ги добиете овие нокти.

А, доколку мислите дека ова нема да ви успее, тогаш обратете се кај вашата козметичарка.

Иако овој тренд беше доста популарен и во текот на летото што е зад нас, очигледно е дека се врати на големата врата, бидејќи популарните дами ширум светот и понатаму се опседнати со него.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар