Бизарни специјалитети ширум светот што сигурно би ги натерале Македонците на повраќање

Секоја земја си има своја традиција, а заедно со традицијата оди и локалната кујна и кулинарските вештини. За некое место може многу да се дознае преку нивните карактеристични специјалитети и уличната храна. Некои оброци се навистина вкусни, но некои иако изгледаат примамливо, се подготвени од чудни состојки, кои инаку не би ги ни погледнале.

Бизарна храна која некаде во светот е вистински специјалитет

Погледнете каде во светот се подготвува најчудната и најбизарната улична храна, која локалните жители ја обожаваат, а туристите не можат ниту да ѝ се доближат и заклучете дали во вас можеби се крие следниот Ентони Бордејн.

1. Болут – Филипини

Бизарна храна која некаде во светот е вистински специјалитет

Навидум обично сварено јајце од патка, но во неговата внатрешност има фетус. Оплодените јајца од патка се чуваат во инкубатор 2 дена, а потоа се варат за да се подготви оваа ужина, која на Филипините се третира како најобична улична храна.

2. Касу Марзу – Сардинија

Бизарна храна која некаде во светот е вистински специјалитет

Пита козјо сирење е оставено на отворено, за да го полазат муви, кои ќе положат јајца, од кои пак, ќе се изведат ларви. Овие ларви јадат од сирењето, потоа тоа ферментира, а она што останува е уникатна и мека текстура која локалните жители на Сардинија ја обожаваат.

3. Исав – Филипини

Бизарна храна која некаде во светот е вистински специјалитет

Уникатен вид на ражничи на скара, подготвен од пилешки и свински внатрешни органи. Се служат со најразлични сосови, најчесто по улиците на градот Манила. Храбрите туристи сметаат дека е доста вкусен избор за оброк.

4. Очи од туна – Јапонија

Бизарна храна која некаде во светот е вистински специјалитет

Во Јапонија често може да се видат привремени улични објекти каде што се служи вкусна и прифатлива, но и доста бизарна храна, како што се очите од туна. Купувачот бира глава од риба, од која се вадат очите, се варат, па се послужуваат со соја сос и оризово вино.

5. Колбас од внатрешни органи – Франција

Бизарна храна која некаде во светот е вистински специјалитет

Иако овој специјалитет го има на повеќе локации, најчесто може да се најде во Франција и важи за колбас кој буквално смрди, поради деловите од кои е направен. Може да биде свински и телешки, а специфичниот мирис доаѓа од цревата кои се користат за полнење.

6. Хакари – Исланд

Бизарна храна која некаде во светот е вистински специјалитет

Станува збор за национален специјалитет подготвен од месо од гренландска ајкула, кое е отровно ако е свежо. Исто така, богато е со уреа, мирис кој сам по себе е доста непријатен, а кој се засилува при процесот на солење и сушење. По некој период, ова парче месо со мирис на уреа е спремно за употреба.

7. Остриги од Карпестите планини во САД

Бизарна храна која некаде во светот е вистински специјалитет

Острига на скара воопшто не е лош избор, но тајната е во тоа што во овој случај не се ни работи за остриги, туку за говедски, свински и овчи тестиси.

8. Црви Мопане – Зимбабве

Бизарна храна која некаде во светот е вистински специјалитет

Овие големи гасеници кои локалните жители ги обожаваат се пржени и печени на скара. Нивниот вкус, наводно, е ист како на пилешкото месо. Во Зимбабве се употребуваат на сличен начин како што ние ги јадеме чипсовите или пуканките.

Па, што вели за ова вашиот внатрешен Ентони Бордејн?

Погледнете и кои се напопуларните јапонски оброци кои ќе го „зачинат“ вашето мени.

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар