Што сè открива обликот на челото за вашиот карактер?

Што сè открива обликот на челото за вашиот вистински карактер?

Не постојат две исти личности, ниту пак постојат такви кои исто размислуваат. Секој жив човек има свој уникатен начин на кој ги процесира информациите и на тој начин ги формира своите мисли и ставови. Сепак, во секое однесување постои некој шаблон, што зависи од повеќе фактори и индикатори, а токму челото може многу да каже за тоа како работи мозокот на личноста. Проверете што кажува за вас формата на вашето чело.

1. Високо чело

Што сè открива обликот на челото за вашиот вистински карактер?

Оваа личност е мудра, а мислите ѝ се насочени кон разбирање на длабочината на секоја ситуација и дознавање на сите аспекти, пред да донесе конечен заклучок. Не поднесува луѓе кои пребрзо носат заклучоци, па затоа повеќе сака да биде сама со своите мисли, наместо да влегува во конфликт со оние кои осудуваат.

Обожава да аргументира, за секоја ситуација има „за“ и „против“, ги согледува сите страни и бара скриени значења и намери, за да може да донесе одлука. Мирна е, но умее да одлучува држејќи ги емоциите подалеку.

2. Ниско чело

Што сè открива обликот на челото за вашиот вистински карактер?

Пред сè, тие повеќе се водат од емоциите, отколку од логиката. Размислуваат со срцето и душата, интуитивни се и имаат разбирање за чувствата на другите. Им веруваат на своите инстинкти и ја разбираат секоја суштина. Интуицијата и мислите се секогаш во согласност, па затоа успеваат да донесат вистинска одлука, во секоја дадена ситуација. Го следат своето срце и веруваат дека сè ќе дојде на свое место.

3. Рамно чело

Што сè открива обликот на челото за вашиот вистински карактер?

Луѓето со рамно чело се директни и секогаш насочени кон напред. Некогаш, ако е потребно, може и да одглумат допадливост, но тоа не ги прави манипулатори. Тие секогаш јасно ќе дадат до знаење што мислат. Ако имате рамно чело, значи дека сте личност која веднаш преминува на главното и воопшто не сакате да слушате глупости, што е за воодушевување, затоа што често е тешко да се биде директен и искрен. Вие преферирате да ја кажете целосната вистина, наместо да ја кажувате во завиена и украсена форма.

4. Заоблено чело

Што сè открива обликот на челото за вашиот вистински карактер?

Овие луѓе се познати по тоа што се спонтани и друштвени, а нивната душа блеска како изгрејсонце. Поради тоа и многумина сакаат да се дружат со нив, но и тие самите сакаат да бидат дел од големи групи. Не се мешаат во туѓи животи, затоа што наоѓаат задоволства во својот. Го гледаат животот од ведрата страна, имаат одлична смисла за хумор, размислуваат позитивно и се трудат од секоја ситуација да извлечат позитивна поука. Разумни се и логични и не ги повредуваат другите.

5. Чело во облик на буквата М

Што сè открива обликот на челото за вашиот вистински карактер?

Границата со косата и поставеноста на челната коска формираат буква М, а она што ги прави овие личности уникатни е нивниот начин на размислување, креативноста и фантазијата. Дури и ако замислат свој свет, тие го кријат од другите. Имаат одлични идеи, бидејќи размислуваат надвор од границите. Ваквиот карактер им дозволува да гледаат нешта и да предвидат однесувања кои другите не ги забележуваат и тоа е квалитет кој ги издвојува од останатите.

6. Чело со облик на вулкан или на планината Фуџијама

Што сè открива обликот на челото за вашиот вистински карактер?

Овие личности се нежни, мирни, пристапни и друштвени. Ги ценат мислењата на другите, а сакаат и да разговараат на сите теми. Поради тоа, лесно ја стекнуваат довербата на луѓето околу нив, а како дополнување на сето ова, се и одлични слушатели. Знаат да понудат објективно решение, јасно размислуваат и не дозволуваат емоциите да влијаат врз нивните одлуки.

7. Остро чело

Што сè открива обликот на челото за вашиот вистински карактер?

Имаат силна волја, посветени се на себе и на работата, но и цврсто стојат на своите ставови. Не се неразумни и сè што мислат и знаат е засновано на факти. Мислењето може да го сменат само врз основа на нови сознанија, исто така, поткрепени со факти. Често се тврдоглави и тешко е да ги променат своите ставови. На другите им е потребен многу труд за да можат да ги убедат во нешто. Она што на луѓето околу нив им се допаѓа е доследноста кон себе.

Забележавте сличности? Овие описи може да послужат за да ви се разјасни мисловниот процес на соговорникот и дава можност да предвидите како тие се чувствуваат и дали разговорот зазема правилен тек. Секако, обликот на челото не може 100% да „издаде“ што другиот мисли, но може да биде добра појдовна точка во препознавање на карактеристики и подобро разбирање како на другите, така и на себе.

Прочитајте повеќе за тоа зошто имаме веѓи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар