Би го изложиле ли лицето на оган во име на убавината?

Би го изложиле ли лицето на оган во име на убавината?

Жените, а во денешно време сѐ повеќе и мажите, трпат доста болка само за да изгледаат поубаво, помладо и посекси со третмани со змии, отрови, инјекции… Но, дали постои некаква предупредувачка граница кај третманите за убавина? Очигледно, не постојат граници кога станува збор за разубавување, дури и кога тоа значи запалување на лицето со оган.Би го изложиле ли лицето на оган во име на убавината?Во Кина се појави нов третман за кожа, наречен „Huǒ liáo“, кој стана хит откако една млада девојка ја поставила снимката на Јутјуб со нејзината мајка, која била подложена на оваа козметичка постапка. Третманот поттикнува регенерација на кожата, за да би останала подолго млада и без брчки.

Целиот третман започнува со крпа натопена во алкохол, која се става на лицето и потоа се запалува. Тоа се одвива така што прво се подготвува специјалниот „таен еликсир“ и се натопува на пешкир. Со волшебниот пешкир се покрива делот што треба да биде третиран, потоа се полева со алкохол и се запалува. После неколку секунди, пламенот се гаси со ставање на друг пешкир врз запалениот. Видеото покажува дека некои луѓе си прават третман и на грбот. Веројатно оваа техника може да се употребува на сите делови од телото.Би го изложиле ли лицето на оган во име на убавината?„Третманот со оган“ се смета дека ја стимулира и затегнува кожата, ги намалува брчките и растегнатоста, а го подобрува и проблематичниот тен. Покрај тоа што разубавува, третманот ги релаксира и мускулите и прави да се чувствувате одлично. Локалните граѓани сметаат дека со овој третман може да излечат и несоница, главоболка и настинка, а козметичките салони го сметаат за безбеден, додека некои предупредуваат на неговата можна опасност.

Салоните кои имаат ваков вид на третман потенцираат дека тоа е сосема сигурно и дека третманите ги прават експерти и жените не треба да се плашат дека нешто ќе тргне на лошо. Терапевтката Сузи Лонг, која се занимава со ваквите третмани објаснува дека кога работава ја работи трениран терапевт, кожата воопшто не гори, туку само се загрева, поради што процедурата е целосно безбедна.

Тие кои поминале низ овој третман велат дека се чувствувале релаксирано. Не пробувајте го ова дома! Би отишле ли вие на ваков третман? 🙂


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар