Безалкохолна сангрија

Без оглед на мноштвото комбинации, постојат два основни типа сангрија –  класична сангрија (мешавина од црвено вино и овошје, најчесто јаболка, портокали и лимони) и сангрија бланко (мешавина од бело вино и овошје, најчесто киви, манго и праска).

Сепак, ние најдовме рецепт и за една малку поинаква, безалкохолна сангрија, идеална за оние кои не сакаат или не толерираат алкохол.

Но, што е сангрија без вино? Ова е витаминска бомба која ќе ве освежи подобро од кој било вид пијалак. Погледнете подолу какви состојки користевме за овој пијалак.

Безалкохолна сангрија

Потребни состојки:
  • Лимон
  • Портокал
  • Јаболко
  • Манго
  • Капини
  • Сок од грозје
  • Сок од јаболко
  • Сок од портокал
  • Малку сок од лимон
  • Кисела вода
Начин на подготовка:

Добро измијте ги сите овошја и не ја лупете кората. Исечете ги лимонот и портокалот на кругови, а мангото и јаболкото на коцки.

Додадете го исецканото овошје, како и капините во стаклен бокал, истурете ги соковите и нежно измешајте.

Оставете го во фрижидер да се олади најмалку 4 часа, а колку подолго се лади сокот, толку подобар вкус ќе има.

Пред сервирање, додадете кисела вода, промешајте нежно и вашето освежување е подготвено.

Можете да си поиграте со декорацијата на чашите, а потоа останува уште да ги поканите пријателите и да уживате!

Безалкохолна сангрија

Продолжете си го летото со оваа сангрија од јагоди, ревен и розе вино.

Автор: Ана Ќурчиевска

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар