Австријска кујна: Рецепт за вкусна чоколадна торта

Ова е стар рецепт која датира од втората половина на 19 век, а еве како можете да го направите дома.

Австријска кујна: Рецепт за вкусна чоколадна торта

Потребни состојки:

  • 9 јајца
  • 1 ванилин шеќер
  • 150 г шеќер
  • 100 г скршени бисквити
  • 50 милилитри сируп со вкус по избор
  • 60 г путер
  • 100 г мелени лешници
  • 200 г чоколадо за готвење
  • 300 г џем од кајсија
  • 200 г шеќер во прав

Начин на подоготовка:

  1. Земете 8 јајца и одделете ги белките од жолчките. Изматете ги жолчките со 75 г шеќер и ванилин шеќер додека не се стопи шеќерот. Разбијте ги белките со миксер со преостанатиот шеќер. Додајте ги изматените белки во садот со изматените жолчки и промешајте со процесор за храна/миксер. Потоа додајте ги бисквитите, мелените лешници, 100 г рендано чоколадо и мешајте додека смесата не се соедини.
  2. Пренесете ја смесата во кружен, подмачкан калап. Печете 20 минути на 180 степени. Стопете го преостанатото чоколадо на пареа, додајте путер и мешајте додека путерот не се стопи. Додајте едно јајце и шеќер во прав. Промешајте.
  3. Кога тортата е готова, исечете ја на три еднакви делови за да добиете 3 кори. Ставете го првиот дел на плех, посипете сируп и премачкајте со џем. Повторете го процесот со останатите кори. Премачкајте ја целата торта со чоколаден прелив. Украсете со мелени лешници.

Moжеби ќе сакате да го пробате и овој рецепт за бела бајадера.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар