Ако не знаете како да прифатите критика, никогаш нема да успеете во животот

Ако не знаете како да прифатите критика, никогаш нема да успеете во животот

Дали некој ви кажал дека лошо толерирате критики? Ако реагирате бурно на каква било критика, дури и на добронамерната, никогаш нема да напредувате во животот, велат психолозите.

Ако не знаете како да прифатите критика, никогаш нема да успеете во животот

Еве како тие го објаснуваат тоа. Всушност, природно е да се развива аверзија кон критиките. Нашиот мозок на почетокот автоматски одговара на критиките, но тој инстинкт треба да се контролира бидејќи може да ни помогне во животот. Критиките имаат многу предности. Ако доброволно ги прифатиме, стануваме поуспешни.

Критиката нè носи на следно ниво. Помислете на овој начин: критиката ви помага да се подобрите, а не да ве враќа назад. Сите ние бараме начин во животот и сосема е нормално да се изгубиме некогаш. Иако е тешко за нас да признаеме, сите имаме многу да научиме и токму критиките можат да не водат на вистинскиот пат. Ни требаат овие сигнали за да одиме напред. Замислете да создадете одреден производ или да напишете статија или да влезете во одредена врска без никакво потсетување. Како тогаш би знаеле дали сте на вистинскиот пат или не? Критиките ни даваат информации што ни се потребни за да успееме во секој аспект од животот.

Ако ги игнорираме, никогаш нема да можеме да постигнеме големи работи во животот. Само оние кои знаат да ја слушаат околината и да прифаќаат совети, можат да го достигнат самиот врв. Не барајте пофалби ако сакате да успеете. Критиката е клучот за успехот.

Прочитајте и за овие 8 работи што успешните жени ги прават секој понеделник.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар