Ако навистина љубите некого, најмалку што можете да направите се следниве 8 нешта

Човекот уште од најрана возраст се запознава со љубовта. Прво уште како бебе ја добива преку мајчинската нега и грижа, потоа од мали нозе ја развива љубовта кон родителите и луѓето околу него, потоа се учи на љубов кон себе и кон пријателите. Кога е веќе доволно зрел да ја доживее романтичната љубов тогаш работите стануваат многу поинакви. Кога сакате некого нема нешто што не би го направиле за него/неа. Следниве нешта се она што најмалку можете да го направите за вашата сакана личност. И сметаме дека се неопходни за една успешна врска.

1. Покажувате почит

Кога некого сакате не би требало слатките работи што ги прави за вас да ги земате „здраво за готово“ дури и ако ги направил/а милион пати претходно. Треба да продолжите да покажувате почит дури и кога почетната фаза на „верност како куче“ е завршена. Мора да бидете сигурни дека вашиот партнер сфаќа колку се грижите за него, колку го почитувате и го сакате.

2. Искрено ги искажувате чувствата

Кога сакате некого не би требало да чекате долго за да кажете „те молам“, „благодарам“ или „те сакам“. Не смеете да дозволите вашиот партнер да се прашува дали сè што прави е безначајно, и дали го забележувате неговиот труд што го вложува во вашата врска. Не треба да му дадете ниту една единствена причина да верува дека ви станува здодевно од него или дека го запоставувате.

3. Ја докажувате љубовта

Му честитате и за најмалите победи. Му помагате да се чувствува подобро. Го потсетувате колку многу труд вложил во сè што прави и му ставате до знаење колку го цените неговиот труд и го потсетувате дека треба да биде горд на себе.

4. Го поттикнувате да ги остварува соништата

Не ги рушите неговите соништа и го охрабрувате да испробува нови работи. Не правите да се чувствува дека е заглавен на истото место. Го поттикнувате да ги следи своите желби и внатрешни пориви. Воедно, му давате сила да го достигне својот целосен потенцијал и го поддржувате во сè што сака да оствари. Му помагате кон неговиот пат за успех, за подобра иднина.

5. Покажувате нежност

Кога сакате некого, слободно искажувате нежност кон него. Се држите за раце во јавност. Го бакнувате во образ и на чело. Тогаш партнерот сфаќа колку сте среќни што го имате покрај вас. Убаво е да му ставите до знаење дека сте горди кога е во ваша близина и ве гледаат заедно.

6. Го потсетувате за неговите потенцијали

Кога партнерот не се чувствува најдобро поради себеси, му давате причини за повторно да се смее. Правите да се чувствува пријатно покрај неуспесите и загубата. Го потсетувате дека една пречка не значи крај на светот. Му кажувате дека е доволно издржлив и дека сте тука за заедно да ја надминете тешката ситуација.

7. Му давате комплименти

Треба да му кажете како се чувствувате уште во моментот кога мислата ќе ви падне на памет. Можеби претпоставувате дека вашиот партнер ги знае вашите чувства, но секогаш е убаво да се слушнат гласно зборовите поради што не би требало никогаш да ги задржувате емоциите. Никогаш не ја криете вашата љубезност кон него.

8. Не земате ништо без да го возвратите истото

Не сакате да ви ласка целото тоа внимание без да покажете речиси подеднакво внимание. Го враќате трудот што тој го покажува во вашата врска. Му покажувате колку многу го сакате и ви значи баш како што тој ви го покажува тоа вам. Еднаквоста ви е многу важна, а таа покажува дека сте вистински тим.

Прочитајте ги и овие 8 едноставни начини да покажете дека навистина се трудите во вашата врска.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар