8 едноставни начини да покажете дека навистина се трудите во вашата врска

8 едноставни начини да покажете дека навистина се трудите во вашата врска

Романтичните врски не треба да бидат монотони, но кога се работи за подолга врска тогаш монотонијата може да тропне на врата. Кога чувствувате дека не вложувате голем труд во вашата врска како на почетокот, време е да преземете нешто. Бидејќи за таа да биде успешна потребно е подеднакво вложување од двајцата партнери. Па, како да покажете дека навистина се трудите?

8 едноставни начини како да вложите напор во вашата врска

1. Нека ви биде приоритет

Ова е посебно важно ако комуникацијата му е неопходна на вашиот партнер. Секогаш известувајте го каде сте, дури и кога не прашува. Прашајте го за неговиот ден. Раскажете го вашиот ден. Насмејте го. Пишете му доколку сте зафатени и кажете му дека ќе го побарате после работа.

2. Одвојте време за да го/ја видите

За ова нема изговори – ако навистина го/ја сакате, би поминале и илјадници километри за да ги видите. Дури и ако имате само три часа на располагање, со вистинската личност тоа е и повеќе од доволно.

3. Рачно напишаните писма никогаш нема да излезат од мода

Во времето кога технологијата владее, нема ништо поромантично од изјавувањето љубов на лист хартија.

4. Вашето целосно време и внимание е најдоброто нешто што можете да му/ѝ го дадете

Скапите подароци или вечери не се секогаш еднакви на вложениот труд. Некогаш, наједноставно е да го оставите телефонот и целосно да се фокусирате на партнерот. Тоа ќе направи да почувствува дека сакате да го разберете и да се грижите за него.

5. Планирајте ги вашите состаноци

Не мора да биде ништо скапо, но изненадете го/ја со состанок. Љубовта е несебична, па направете му/ѝ го денот убав и исполнет и нека се почувствува сакано како никогаш претходно.

6. Разговарајте со партнерот

Тој/таа би требало да е вашиот најдобар пријател и партнер за цел живот. Имајте здрави дебати со на најразлични теми. Оставете го/ја да зборува за своите пасии. Нема ништо како човек кој зборува за работите што ги сака.

7. Кажете му/ѝ колку ви значи и колку го/ја обожавате

Нема нешто поедноставно од искажувањето на овие емоции. Дури и ако вашиот главен љубовен јазик не е исполнет со афирмативни зборови, секој би сакал да биде потсетен колку е важен и ценет во вашиот живот.

8. Никогаш не прекинувајте да бидете романтични, дури и кога е ваш/а

Живееме во ера на удобности и многу е лесно да се почувствувате задоволни во врската, но удобноста го убива напорот. Не престанувајте да вложувате напор и продолжете да бидете нежни и наклонети. Бидете горди на него/неа и секому покажете ги.

Прочитајте и кои се знаците што покажуваат дека довербата во вашата врска е силна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар