Ајурведски совети: Здрава исхрана за буден ум, здраво тело и мирно срце

Ајурведски совети: Здрава исхрана за буден ум, здраво тело и мирно срце

Исхраната која се заснова врз принципите на јогата може да ни помогне да ги одржуваме во форма умот и телото. Таа се состои од здрави намирници кои на телото му даваат доволно хранливи состојки и витална енергија. Во продолжение прочитајте ги „правилата“ врз кои се заснова таа.

Ајурведски совети: Здрава исхрана за буден ум, здраво тело и мирно срце

Јадете природна и што помалку обработена храна

Храната сама по себе се карактеризира со хемиски состав кој може значително да биде променет под влијание на готвењето, термичката обработка, ферментацијата, сушењето итн. Да не ги заборавиме и хемиските додатоци и конзерванси. Затоа, наместо да подготвите супа од ќесичка, обидете се да зготвите супа од свеж зеленчук.

Изберете локални и сезонски производи

Едноставно, се храниме со она што е карактеристично за тековната сезона. Сепак, благодарение на консумеризмот, навикнати сме да консумираме храна која доаѓа од далечните краишта, а специфичноста на годишните времиња исчезнува токму поради можноста за одгледување во пластеници. За да знаеме како да избереме локална и сезонска храна, треба да ги набљудуваме годишните времиња. Така, вишните и црешите созреваат во пролет, имаат кисела нота и се богати со витамини бидејќи на пролет нашиот организам се буди и има потреба од витамини. Потоа доаѓаат глуварчето, младата коприва и другите разноразни билки кои го чистат црниот дроб по долгите зимски ноќи. Лубениците и праските, пак, се многу слатки и зреат во лето. Според Ајурведата, слаткиот вкус го лади телото, па логично е да се јаде повеќе овошје во лето.

Внимателен избор на состојките за време на оброкот

Според филозофијата на Ајурведата, многу е важно што со што комбинираме и дали тоа го забрзува или успорува варењето. Еве неколку правила кои важат за сите:

Овошје како индивидуален оброк

Најмалку еден час пред оброк и два до три часа по оброкот.  Особено дињите и лубениците бидејќи тие се слатки и брзо ферментираат во организмот. Освен тоа, важно е да не заборавите дека никогаш не треба да се меша овошје со млечни производи.

Само еден вид протеин во оброкот

Обидете се во оброкот да биде застапен само еден вид протеин со оглед на тоа дека на различни протеини им се потребни различни ензими и различно време за да се разградат. На пример, ако јадете грав, тогаш во тој оброк не треба да додадете млечни производи. Правилото гласи дека растителните протеини (соја, наут, грав, леќа) и млечните протеини (сирење, јогурт, млеко) не треба да се мешаат.

Главните оброци треба да содржат доволно протеини

За време на главниот оброк треба да ги внесете сите 12 аминокиселини кои самиот организам не може да ги произведе. Доколку јадете производи од животинско потекло, тоа нема да биде проблем бидејќи месото, јајцата и сирењето ги содржат сите 12 аминокиселини, но доколку претпочитате оброци од растително потекло, треба да внимавате вашиот оброк да ги содржи сите хранливи состојки. Растителната храна која сама по себе ги содржи сите есенцијални аминокиселини се леќата, сојата, киноата и семките од коноп.

Зачините помагаат во варењето на исхраната

Според Ајувердата кралот на зачините е ѓумбирот. Кај нас, пак, најпопуларен зачин е биберот кој исто така значително го подобрува процесот на варење.

Мастите се нашите пријатели

Митот дека мастите придонесуваат за зголемување на телесната тежина е целосно точен. Особено е важно да се знае дека здравите масти од природни извори се важен елемент за метаболизмот и севкупното здравје на организмот.

Митот за шеќерот

Митот дека шеќерот е наш непријател е делумно точен. Шеќерот е еден од примарните вкусови и сè во природата има потреба од „шеќер“ за да расте. Освен тоа, овошјето не само што е слатко и изобилува со шеќер туку содржи и витамини и минерали. Производите, пак, кои се направени од преработен шеќер се штетни бидејќи тие ја спречуваат апсорпцијата на витамини и минерали. Тука спаѓаат сладоледот, бисквитите, индустриското чоколадо и многу други производи кои се штетни за организмот.

Откако ги прочитавте нашите совети за здрава исхрана, можеби ќе сакате да прочитате и како куркумата може да ви помогне во борбата против оксидативниот стрес.

Извор: ljepotaizdravlje.hr

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар