9 знаци дека вие сте токсичната личност во вашиот живот

Сите знаеме дека постојат токсични луѓе на светот и знаеме како да ги препознаеме. Но, дали е исто толку лесно да се препознае токсична личност кога се работи за нас самите? Токсичните луѓе не се свесни за нивниот карактер, поради што честопати не го менуваат нивното однесување. Кога ќе наидете на токсичен човек, единствената опција е да избегате што е можно подалеку. Но, што можете да направите доколку вие сте тој токсичен човек? Единствената логична опција е да се промените. Вашиот карактер не е непроменлив, само треба да го извлечете најдоброто до себе. Првиот чекор кон промената е сознанието дали сте токсични или не. Следниве 9 знаци ќе ви помогнат да го дознаете тоа…

9 знаци дека вие сте токсичната личност во вашиот живот

1. Немате вистински пријатели

Имате големо друштво, но немате вистински пријатели. Не можете да сметате на никој од луѓето со кои се дружите. Доколку ви се случи нешто лошо, постои голема веројатност дека ниту еден од вашите пријатели нема да ве избави од неволја.

2. Секогаш сте опкружени со драма

Драмата ве следи каде и да одите, а тоа се случува затоа што вие ја предизвикувате. Правите сѐ што можете за да создадете незгодна ситуација, дури и да не го гледате тоа на таков начин.

3. Им дозволувате на другите токсични луѓе да влезат во вашиот живот

Дали некогаш сте ја чуле изреката „Со кого си таков си?“. Овие зборови можат да се применат во многу ситуации. Ако постојано се опкружувате со токсични луѓе, неизбежно е и вие да станете едни од нив.

4. Луѓето ве одбегнуваат

Луѓето едноставно не сакаат да бидат во ваше друштво. Ги игнорираат вашите повици и забораваат да ви вратат на пораките. Можеби не сфаќате што се случува, но вистината е дека сите ве одбегнуваат.

5. Им пишувате први на луѓето само доколку ви треба нешто, без разлика дали се работи за пријатели или членови од семејството

Вие никогаш не се јавувате први, освен ако навистина не ви треба нешто. Вашите пријатели и семејство не можат да го поднесат тоа и јасно им е што се обидувате да направите.

9 знаци дека вие сте токсичната личност во вашиот живот

6. Постојано држите лутина

Во состојба сте засекогаш да држите лутина. Ова воопшто не ви користи, а на човекот кому му се лутите најверојатно воопшто не му е гајле поради тоа. Зошто да си ја трошите енергијата?

7. Им зборувате лошо на луѓето позади грб

Вие постојано озборувате. Прво зборувате лошо за луѓето, а потоа им станувате најдобри пријатели. Не треба да бидете дволични!

8. Никогаш не ги признавате вашите грешки

Секогаш глумите жртви. Што и да се случило, никогаш не било ваша вина. Луѓето не можат да го поднесат тоа и имаат лошо мислење за вас.

9. Луѓето не можат да сметаат на вас

Се појавувате само кога вам ви одговара и ги откажувате важните планови во последен момент. Колку и да се обидуваат луѓето да ви помогнат, вие само им го трошите времето.

Доколку се пронајдовте во овие работи, време е да се соочите со реалноста и да си го смените животот. Извинете им се на пријателите и семејството и променете го начинот на вашето однесување. Престанете да наоѓате изговори и извлечете го најдоброто од себе.

Ако не се пронајдовте во овие знаци, прочитајте кои се 6-те вида токсични луѓе со кои не треба да започнувате сериозна врска.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар