6 вида токсични луѓе со кои не треба да започнувате сериозна врска

Среќните врски се составени од стотици мали работи. Една од нив е вербата. Секој ќе се согласи дека е многу важно да му верувате на вашиот партнер. Но, некои луѓе не можат а да не го изневерат својот партнер. Погледнете ги 6-те видови луѓе со кои не треба да почнувате сериозна врска. Со нив само ќе го трошите вашето време.

1. Нарциси

(1)6-vida-toksichni-lugje-kafepauza.mk.jpg

Овие личности сакаат да го имаат вниманието на сите. Тие многу често го бараат совршениот партнер и искрено мислат дека нивната сегашна врска не е доволно совршена за да продолжат понатаму. И се разбира, тие секогаш ги обвинуваат другите.

2. Претерано романтични

(2)6-vida-toksichni-lugje-kafepauza.mk.jpg

Процесот на заведување и создавање нова врска е многу важен за романтичарите. Овие луѓе сакаат да бидат импресионирани, бидејќи во спротивно им станува здодевно. Тие не сакаат граници и најмногу ја ценат својата слобода.

3. Личности со ниска самодоверба

(3)6-vida-toksichni-lugje-kafepauza.mk.jpg

Секому му се случува да има ниска самодоверба за одредени работи. Но, ако некој не знае да го живее својот живот и постојано бара признание од другите, тоа е опасен знак. Кога овие луѓе ќе почувствуваат и најмало оддалечување од партнерот, тие веднаш бараат нова врска која ќе биде поразлична.

4. Себични луѓе

(4)6-vida-toksichni-lugje-kafepauza.mk.jpg

Себичните луѓе толку многу се грижат за себе, што забораваат дека можеби и нивните блиски имаат проблеми. И не разбираат дека можеби токму тие се причината за овие проблеми. Сепак, секогаш си простуваат за работите кои не можат да ги поднесат кај другите.

5. Страдалници

(5)6-vida-toksichni-lugje-kafepauza.mk.jpg

Овие луѓе секогаш глумат жртви. И најмалите работи ги прават тажни. Тие секогаш бараат некој што ќе ги утеши, па кога партнерот нема да го направи тоа, тие ќе почнат да бараат некој нов.

6. Критичари

(6)6-vida-toksichni-lugje-kafepauza.mk.jpg

И овие луѓе имаат проблем со самодовербата. Тие го користат критикувањето како одбранбен механизам. Ним не им е проблем да ги повредат другите и не се способни за здрава и сериозна врска.

Погледнете ги и токсичните врски на работното место од кои треба да бегате.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Марин Reply

    Малку психологија ако може.
    Не се тоа токсични луге туку психопати.
    Како може да ги препознаеме Психопатите?
    Изразен егоизам,
    Лажење,
    Манупулација со сите,
    Невероватна прилагодливост,
    Сплеткарење и склони се кон задкулисни игри,
    Неможност за остварување на искрени и длабоки фамилијарни врски,
    Бесрамно и неморално однесување,
    Ладно и смислено однесување,
    Одлична убедливост и елоквентност,
    Глумци без конкуренција,
    Префрлање на кривица кај други и непризнавање на сопствените грешки,
    Никогаш не велат извини,
    Уживаат во правење на хаос,
    Не се во состојба да ја осетат ниту да ја пружат љубовта,
    Тешки се на интимни односи,
    Недостаток на емпатии,
    Недостаток на чувства и каење,
    Нестрпливи,
    Нетрпеливи,
    Окрутни,
    Невероватно мрзеливи,
    Склони кон промискуитет(неверни во брак),
    Исклучително импулсивни и без контрола на реакциите.
    СО ЕДЕН ЗБОР ЛУЃЕ ОД КОИ ТРЕБА ДА БЕГАТЕ ПОДАЛЕКУ
    СО КОИ НЕМАТЕ МОЖНОСТ ЗА НИКАКОВ ПРОСПЕРИТЕТ
    СО КОИ ЌЕ СИ ЈА НАБЕРЕТЕ ФИНАНСИСКАТА ГЛАВОБОЛКА
    ЛУГЕ КОИ НИКОГАШ НЕМА ДА ВЕ ГУШНАТ ВИСТИНСКИ, СО ЉУБОВ
    ЛУГЕ СО КОИ НЕМАТЕ НИКАКВА ИДНИНА!!!!!!!

Остави коментар