9 животни совети од девојка која отсекогаш била во љубовни врски

Оваа девојка отсекогаш била материјал за врски, па токму затоа и не поминувала долго време сингл. Таа објаснува дека во секое партнерство морала да се адаптира на потребите и желбите на новиот партнер, но исто така сфатила и дека многу е тешко да се ужива во одредени нешта откако ќе почнете заеднички живот со друга личност. Погледнете ги следниве неколку нешта за кои таа вели дека треба да ги правите дури и откако ќе почнете нова сериозна врска доколку сакате таа да биде успешна, а вие да се чувствувате исполнето…

10 животни совети од девојка која отсекогаш била во љубовни врски

1. Гледајте ги сите омилени филмови и ТВ серии кога ќе посакате

Вие набрзо нема да добиете нова шанса за повторно да ги гледате. Гледањето на омилените серии и филмови е на некој начин одвојување време за себе и одморање од секојдневните обврски. Слободно правете го тоа кога ќе почувствувате дека имате потреба од опуштање.

2. Кога сте сами дома, слушајте гласна музика

Којзнае кога ќе добиете следна шанса за да слушате музика на звучник наместо на слушалки. Уште подобро, слободно препуштете му се на ритамот и танцувајте како да нема утре.

3. Читајте книги и списанија кога ќе посакате

Откако вашиот партнер ќе се врати дома, единственото слободно време за читање ќе ви бидат оние неколку моменти пред да заспиете. Ова го намалува вашето време за читање на не повеќе од 10 минути дневно доколку не преземете нешто за тоа.

4. Понекогаш оставете го нередот во домот

Одвреме-навреме сосема е во ред доколку ги оставите вашите алишта расфрлани по подот, а нечистите чинии натрупани во лавабото. Можеби нема да ви се верува, но партнерот има моќ да го разбуди чудовиштето за чистење дури и во оние кои се најхаотични. Тоа не значи дека секогаш домот треба да ви биде беспрекорно чист, особено кога сте уморни.

5. Цела недела појадувајте јогурт и житарки

Тоа е еден начин на кој можете да го потиснете возрасниот во себе и да се однесувате малку детски со цел да ја зголемите вашата креативност при решавање на секојдневните задачи.

6. Слободно прескокнете еден термин за депилација

За некои жени, одењето на депилација е исто толку тешко како и одењето на забар. Токму затоа и сосема е во ред доколку направите едномесечна пауза со цел да се одморите од оваа рутина.

7. Купете си премногу скапи чевли

Не постои личност која ќе ве осудува за ова однесување. Вие заслужувате да се наградите со оние скапи чевли кои веќе некое време ги гледате во излогот на омилениот бренд, па зошто да се спречувате во тоа?

8. Излезете со колегите

Без разлика на тоа што сте во врска, вие треба да имате живот и надвор од неа. Тоа значи дека е сосема во ред доколку после работа излезете со вашите колеги на пијалак и малку се забавувате.

9. Запознајте се себеси

Пред да започнете со сериозна врска, задржете ги и почитувајте ги сите оние нешта кои ви биле важни отсекогаш. Доколку не го направите тоа, вие ќе изгубите важен дел од себе кој ќе ве направи поосамени отколку што сте биле пред врската. Идентификувајте ги вашите вредности и држете ги цврсто покрај вас, без разлика каде одите. Бидете свесни за вашите потреби и искрено кажете му ги на вашиот партнер. Замислете ја иднината која ја посакувате и стремете се кон нејзино остварување. И најважно од сè, никогаш не ги заборавајте вашите соништа.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар